ПРОДАЖБАТА НА ВЕЛОСИПЕДИ КАЈ АМЕРИКАНЦИТЕ ЗГОЛЕМЕНА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ
Додајте го стравот во списокот на причини поради кои луѓето возат велосипеди.
„Имам 51 година и здрав сум, но не сакам да одам во метрото“, изјави Џон Доноху, уметник од Бруклин, кој купил велосипед пред две недели. Доноху, кој не поседува автомобил, вели дека не е сигурен кога ќе биде повторно удобен јавниот превоз.
Според големите производители и многу трговци на мало интервјуирани од Ројтерс, пандемијата на коронавирусот предизвика пораст во продажбата на велосипеди низ САД.
Голем дел од купувачите се луѓе кои бараат начин да излезат надвор во време на мерките за ограничено движење, се со цел за да се раздвижат. Дури и најтешко погодените држави им овозможуваат на луѓето да вежбаат.
Сепак, дел од продажбата, особено во урбаните области, е наменета за луѓе како Доноху, кои исто така сакаат да го избегнат ризикот од зараза во автобусите или метрото.
Тој планира да го искористи својот нов хибрид со 24 степени на пренос за градски превоз, за кој обично го користел метрото.
Според Бирото за попис на САД, во просек, околу 870.000 Американци патувале до работа со велосипед во последните пет години или околу 0,6% од сите работници.
Меѓутоа, едно неодамнешно истражување покажа поголемиот процент на американски работници кои користат велосипед за да дојдат на работа возеле сопствен велосипед, додека помалиот број користеле услуга за споделување велосипед, што е почеста опција во поголемите градови.
Владата на Њујорк ги прогласи велосипедите како суштинско транспортно средство, па многу продавници за велосипеди остануваат отворени и покрај тоа што поголемиот дел од трговската мрежа е затворен. Меѓутоа, многумина го имаат изменето начинот на работа, повеќе не им дозволуваат на купувачите да ги тестираат велосипедите и им ги предаваат на тротоарите, надвор од продавниците.
Според Националното здружение на дилери на велосипеди, приближно три четвртини од продажбата на велосипеди во САД се низ големите продавници. Додека многу од продажните места на големите синџири за спортски стоки се затворени, генералните трговци како Волмарт, најголемиот продавач на велосипеди, остануваат отворени.
Сопствениците на продавниците, изјавуваат дека велосипеди кои се продавале за 1.500 до 2.000 долари, што ги користат жителите за возење низ град , сега се паднати на 500 до 800 долари. Овие пониски цени се една од причините што конкуренцијата во малопродажбата на велосипеди е силна и покрај големата продажба.
Не само во САД, низ целиот свет велосипедот станува транспортно средство со што можете целосно да се самоизолирате при превозот до работа или при прошетка и сл.
Како ќе се учиме да живееме со коронавирусот, исто како и со другите вируси, велосипедот во урбаниот превоз ќе се употребува се повеќе и повеќе.