ПОСТОЈАНА ПРОМЕНА: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРИЛАГОДЛИВОСТA, ОДГОВОРНОСТA И ЕФИКАСНОСТA НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ УСЛУГИ

Во интервју за Global Railway Review, Александар Савард кој е директор на Развој на бизнис, железница и интегрирана мобилност  GIRO, објаснува како интегрираното планирање и управување на ресурсите може да ја подобри адаптибилноста, одговорноста и ефикасноста на железничките услуги.

Која е перспективата на GIRO за тековната криза со КОВИД 19 и за тоа што допрва треба да дојде­?

Кризата со КОВИД 19 испрати шок бранови низ целата глобална транспортна индустрија, притоа откривајќи ја важноста на овој вид на транспорт туку и одредени елементи на  неговата кршливост.

GIRO поддржува над 300 јавни транспортни и железнички превозници во 27 земји, така што постои тековна размена на перспективи на страни засегнати со кризата од КОВИД 19 и иднински согледувања на состојбата на  пост-КОВИД 19.

Сите од нив се погодени од ситуацијата, но нивните стратегии за одговор се разликуваат во зависност од тоа како пандемијата еволуирала од една во друга земја. Ова може да варира од одржување на минимално ниво на услуга до скоро целосно враќање на нормални активности, но со дополнителни мерки.

Во неодамнешни истражувања на нашите клиенти, откривме дека операторите ја решаваат оваа криза со еластичност и претпазлив оптимизам. Ова се укажува дека можеби треба да се направат трајни промени во начинот од планирање  и ракување со услугите. Сигурно ќе постои пред и пост КОВИД 19 ера за планирање и и управување со јавниот превоз и патничкиот железнички превоз.

И покрај застрашувачките влијанија и појава на тековни кризи, оваа пандемија може да влијае врз подобрување на некои практики, па и можност за нивно преиспитување и задржување во иднински процедури.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочиле железничкиве оператори во изминатив четириесеттина година откако GIRO ги поддржува?

Железничката индустрија е предмет на строги правила особено кога во предвид доаѓаат безбедносни и оперативни процедури. Поради обемен опсег на опрема и инфраструктура железницата долго време е означена како нефлексибилна и слаба на промена, сепак огромните напори на железничките оператори при последниве случувања укажаа дека сосем спротивното е вистина.

Повеќе од кога и да било, патничката железнички превоз мора да се прилагоди на променливите околности, без оглед дали станува збор за огромни промени во побарувачката, зголемено одржување на инфраструктурата и опремата или одговорно управување со персоналот.

Тековната криза е уште еден јасен пример за оваа растечка потреба за адаптибилност која е повторлива тема повеќе децении. Како што се отвора конкуренцијата во железницата во различни региони во светот  – како што беше неодамна во Франција, операторите ќе треба да се реинвестираат. Ова може да вклучува подетално прегледување на на нивното планирање и работење на соодветни алатки и процедури.

Како мораше GIRO да се прилагоди за да ги задоволи променливите потреби на железничките оператори?

GIRO инвестира 30% од своите ресурси во насока на исполнување на предизвиците во индустријата, конкретно преку развивање на решенија за планирање на ресурси и софтерски решенија за управување изградени врз база на глобално признати алгоритми за оптимизација.

Последниве години, GIRO значително ги зголеми своите напори за истражување и развој на железнички сообраќај и патување се со цел за исполнување насложената задача на постигнување на ефикасно планирање и работење на услугите. Имено, подобрена е функционланоста на софтверот HASTUS во насока на подобро планирање на распоредот на движењето на возовите. Ова на железничките оператори им овозможи да дизајнираат услуги кои ќе бидат повеќе ефикасни, одговорни и подобрени. Овие иновации се во прилог на веќе признатата функционалност на решенијата на GIRO, како што е закажувањето и управувањето со персоналот.

Како железничките оператори можат да имаат корист од интегрираното планирање на ресурсите?

Повеќето железнички оператори се соочуваат со слични предизвици, како што се уништувањето на силосите и оптимизирање на управувањето со постојните материјални и човечки ресурси.

Историски гледано, планирањето на железничките ресурси е поделено по фази ( студии, долгорочно и краткорочно планирање, ативности и сл.) и според типот на ресурси (инфраструктура, возен парк, возниот персонал, станичниот персонал и др.). на пример, една група ќе ги проучува нивоата на побарувачка и услуга ( или ќе одговори на тендерите за работење), втората ќе се справи со планирањето на возот, третата ќе планира смени за персоналот.

Оваа поделба е сосем во ред, но секако дека можат да произлезат и грешки при нејзиното спроведување, односно конкретно и грешка во некоја од фазите.

Исто така треба да се напомене дека плановите за железнички сообраќај најчесто се прават на годишно ниво, затоа треба да се направат напори кон промени и да се обрне поголемо внимание врз деталите.

Со оглед на меѓусебната зависност на ресурсите, сите промени направени во возниот ред ( или траси доделени од страна на управителот на инфраструктурата) може да доведат до промени на возниот ред на возот, што пак следствено може да влијае врз обврските врз одредени вработени лица.

Лесно е да се цени целокупниот напор и предизвик што се јавува кај операторите кои се трудат да испорачаат прифатливо ниво на услуга. Овој предизвик станува се поголем кога услугите треба и мора многу често да се менуваат, како на пример кога се спроведува инфраструктурна работа  или при зголемено одржување на возниот парк.

Постојаниот пораст  на сообраќајот и одржување на инфраструктурата во последниве години за операторите значи постојано менување на нивните транспортни планови – понекогаш дури и на дневна основа.

GIRO верува дека интегрираното планирање и управување со ресурсите до денот на работење е клучно за исполнување на овој предизвик. Иако е потребен широк спектар на експертиза за да се обезбеди широк појас на покриеност, GIRO на операторите им обезбедува целосно интегрирано софтверско опкружување на дизајнирање, оптимизирање, прилагодување и работење на нивната услуга, истовремено земајќи ги во предвид и меѓусебните односи на ресурси и строгите ограничувања во индустријата.

Ова преставува промена на парадигмата за многу оператори кои често користат повеќе алатки и тимови за управување со овие ресурси.

GIRO има добра соработка со SNCF. Како се случило сето тоа?

И покрај тоа што GIRO поддржува над 100 железнички оператори ширум светот, неодамнешната соработка меѓу GIRO  и SNCF  преставува клучна пресврница во стратегијата на работењето на GIRO. Соработката со меѓу GIRO  и SNCF  започнува во 2017 година, кога GIRO одговара на меѓународен повик за тендер кој вклучувал официјално прикажување на можностите на алатката на GIRO, воедно и сеопфатна компаративна анализа. По овој процес, GIRO е избран од страна на SNCF за да го спроведе нивното решение HASTUS за планирање и работење на возовите и персоналот на SNCF.

Официјано HASTUS сега се спроведува на три патнички  железнички линии на мрежата на SNCF, трансилиенската градска железница во и околу Париз, регионалните возови TER и националната брза мрежа INOUI (TGV). Преку оваа модернизација SNCF се надева дека ќе постигне клучни и стратешки цели, во насока да постигне поинтегрирано планирање и оперативна структура, да ја зголеми брзина со која ќе може да ја прилагоди својата понуда и да се оптимизира ефикасноста така ќе може да остане конкуретна на пазарот што неодамна е отворен за конкуренција.

Во надеж дека ќе се постигнат услови за широко модернизирање на железничката инфраструктура со над 1600 работни места, создавајќи краткорочни , среднорочни и долгорочни влијанија врз плановите за транспорт.

Овие се некои од најголемите имплементации на софтверот HASTUS на глобално ниво до денес. Конечно со софтверот HASTUS се планира управува и со 4000 возови, близу 20 000 членови на екипажот и скоро 30 000 вработени на железничките станици. Овие технички сложени имплементации се хостирани во облакот и мора да бидат тесно интегрирани со постојниот ИТ систем.

Неколку компоненти на овие решенија на GIRO, веќе се влезени во фаза на производство , благодарение на агилните проекти и усогласените напори на GIRO, SNCF и парнерите кои работат на овие сложени задачи.

Кои лекции се научени во досегашната соработка со SNCF?

Ако постои една клучна лекција кој ашто може да ја извлече GIRO од соработката со SNCF е тоа дека железничките оператори колку и да бидат големи и сложени може да ги видат придобивките од интегрираното управување со ресурсите и можат да се посветат на модернизација на нивните алатки и практики.

Тие признаваат дека имаат интегриран систем кон управувањето на ресурсите  и тоа ќе им овозможи подобрување на квалитетот на услугите  и воедно ќе станат поефикасни и пофлексибилни.

Моќните решенија што моментално се достапни на пазарот им овозможуваат на операторите да останат фокусирани на нивната примарна мисија – се додека не ја земат во предвид огромната сложеност  на ограничувањата во железничкиот сообраќај. Модернизацијата на процесите на планирање и управување со ресурсите и алатките во сложено опкружување како што е SNCF е предизвикувачка задача, а посветеноста од страна на сите засегнати субјекти е клучен фактор за успех.

Дали GIRO ќе се менува како што се менува железничката индустрија?

И покрај моменталната глобална криза, железничката индустрија е позната по својата еластичност и опстанување на долги стази. Најверојатно тоа ќе допринесе до длабоки промени за да се задовалат потребите на патниците во новонастанатата ситуација  се со цел да се обезбеди нивна безбедност.

Повеќе и од кога и да било железничките оператори ќе треба да бидат флексибилни и ефикасни ви начинот на кој тие ги планираат и испорачуваат своите услуги. Способноста на индустријата да се соочи со тековните и идните предизвици ќе биде фундаментална доколу остане столб на мобилноста. GIRO внимателно ќе ги следи сите предизвици и ќе биде подготвен да поуди иноватни решенија  за планирање  и работење, способни да се справат не само со денешните предизвици туку и со предизвиците кои допрва доаѓаат.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *