ПАТНИТЕ И ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ РУТИ НА НОВИОТ ПАТ НА СВИЛАТА

Оваа статија е осврт на кинеската иницијатива „Belt & Road“ која ја трансформира поморската трговија. Но, тоа е само дел од приказната.

Покрај надградба на пристанишната инфраструктура и создавање нови трговски договори со континентите, Кина инвестира во огромна мултимодална мрежа на патишта и железници низ Евроазија, со цел да ја поврзе Западна Кина со Источна Европа преку низа нови инфраструктурни проекти. Откако ќе заврши со инфраструктурните проекти, ќе обезбеди поевтина алтернатива на воздушниот сообраќај, а спрема поморскиот превоз, значително ќе го намали транзитното време.

Создавање трговски врски со Европа

Голем дел од развојот се одвива на рутата преку Казахстан, каде што се гради или надградува автопат во должина од 2.787 километри со кој се дели целата земја, превезувајки од Хоргос на исток до руската граница на запад. Откако Русија ќе го заврши својот дел од автопатот, а напредокот на изградбата досега е релативно бавен, оваа мрежа ќе овозможи товарниот патен превоз помеѓу Жолтото море на далечниот исток и Санкт Петербург на запад да се одвива за 11 дена, наспроти 30– 50 дена на море и 15 дена со железница.

Паралелната железничка рута позната како „среден коридор“ оди од Баку во Азербејџан до Истанбул преку Грузија, заобиколувајќи ја Русија целосно, но транспортот проаѓа преку Каспиското Море од Казахстан. Во ноември 2019 година, скоро како еден вид доказ на концептот, првиот кинески товарен воз кој сообраќаше од Ксијан до Истанбул го изврши патувањето до европскиот континент за само 12 дена.

Јужна Азија исто така ги гледа придобивките

Европа не е единствената цел на Кина. Економскиот коридор Кина-Пакистан е еден од најголемите и најамбициозните од проектот „Патот на свилата“. Целта е брзо да се надогради инфраструктурата на Пакистан со цел да се зајакне нејзината економија и да се промовираат поблиски и поефикасни трговски врски со Кина.

Коридорот вклучува значителен ремонт, модернизација и проширување на запоставената транспортна инфраструктура во Пакистан, изградба на огромна мрежа на патишта и железници, вклучувајќи автопат во должина од 1.100 км помеѓу Карачи и Лахоре, двата најголеми града во земјата.

Исто така, ќе вклучува проширување на железничката мрежа на Пакистан за да се овозможи побрзо патување со железницата и на крајот да се поврзе со Кина преку нејзината јужна железничка пруга.

Покрај тоа, Кина ќе инвестира во националната енергетска инфраструктура за да ги ублажи хроничните недостатоци на енергија во Пакистан.

Пакистанските власти предвидуваат дека до 2030 година ќе отворат нови 2,3 милиони работни места во националната економија. Покрај тоа, сигурниот пристап до пристаништето Гвадар ќе и обезбеди на Кина значително пократок поморски пат кон Европа и Блискиот исток – што е особено важно за нејзиниот пристап до нафта.

Силата е во разновидноста

Оваа разновидност на патиштата е една од предностите на иницијативата Belt & Road. Овие паралелни мрежи на патишта и железнички пруги значително ја зајакнуваат трговијата меѓу Евроазиските држави и им овозможува да ги избегнуваат неповолните трговски режими, санкции и некооперативни партнери, како и потенцијалните нарушувања поради политички нестабилности и природни катастрофи. На пример, руските санкции против земјоделските производи од ЕУ може да значат дека европските земји претпочитаат да ја користат јужната рута низ Турција за извоз на своите производи во Кина.

Како резултат на тоа, „Belt & Road“ е една од највозбудливите приказни која се одвива во интермодалниот и бродскиот контејнерски превоз. Со значителни позитивни последици за глобалната копнена трговија, како и за поморскиот сектор, станува неопходно да се разберат нејзините импликации.

Настанот Интермодал Азија 2020 кој ќе се одржи од 17-19 март оваа година (Шангај, Кина) ќе биде домаќин на форумот посветен на проектите што ја обединуваат трговијата меѓу Кина, Азија и светот, како дел од иницијативата Belt & Road. Поделени во два сегмента, во првиот дел од панел дискусиите ќе учествуваат високи претставници од пристаништата и терминалите, додека во вториот дел ќе се дискутира за патниот и железничкиот товарен сообраќај и стратегиите кои им помагаат на земјите од Азија и Африка да ја развиваат својата инфраструктура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *