ОГРОМНИ НАМАЛУВАЊА НА РАБОТНАТА СИЛА ВО „БРИТИШ ЕРВЕЈЗ“
Како никогаш досега економијата немала толку силни удари, каква што е ситуацијата со корона вирусот и да ги остави фирмите самостојно да се борат за понатамошно опстанување.
Поради скоро непостоечката побарувачка за летови во рамки на британската авиокомпанија, таа на 2 април најголемиот дел од своите вработени ги испрати дома односно им даде отсуство потпомогнато од владините мерки (30 000 вработени од вкупно 42 000 вработени во „Бритиш ервејз“ ја користат оваа мерка). За по еден месец подоцна, главниот и извршен директор на „Бритиш ервејз“, Алекс Круз да даде изјава дека состојбата во компанијата и понатаму драстично се влошува и се очекува дека околу 12 000 вработени од фирмата ќе станат технолошки вишок.
Ограничувањата на патувањата, затворање на земјите и мерките за социјална дистанца особено ги погоди авио компаниите. Меѓународната асоцијација за воздушно патување смета дека падот на приходите на овие компании во 2020 година ќе биде намален дури за 55%. Компанијата „Бритиш ервејз“ изнесе дека падот на превозот на патници за април и мај годинава ќе биде за 94% помал од претходната година и воедно не може да даде преглед на тоа како би изгледале приходот и профитот за оваа година. „Бритиш ервејз“ смета дека ќе поминат неколку години пред да се воспостават истите бројки на побарувачка на патувањата и истите приходи како што тоа било пред да започне светската пандемија со корона вирусот.
Владата се обиде да понуди субвенции и неоптеретувачки кредити како поддршка на компаните, во период кога ригорозните здравствени мерки за заштита од ширењето на корона вирусот ја задушуваат економијата. Тенденцијата на владата беше да се замрзне стопанството со недели или месеци и да се спречи губењето на работните места и минимизирање на бизнис кризата која долго време потоа би се провлекувала низ економијата.
Овој пристап на владата се темели врз премисата дека со завршување на мерките за заштита од ширењето на корона вирусот би требало се да се врати во првобитната предпандемиска состојба. Од друга страна пак главниот и извршен директор на „Бритиш ервејз“, Алекс Круз, вели дека „со она што се соочуваме како авиокомпанија, како и многу други бизниси ширум земјата укажува дека веќе нема ништо да биде како претходно“.
Побарувачката на услуги од областа на транспортот, а особено меѓународниот транспорт не се очекува да се врати во „нормална“ состојба во брзо време. Угоститетлските објекти, пабовите, рестораните и останатите објекти за социјална дружба ќе работат многу долго време под своето ниво за прием на гости се со цел да се одржи социјалната дистанца помеѓу гостите, која и понатаму останува во сила како мерка за заштита од КОВИД 19. Понатаму, многу голем дел на бизнисите ќе ги преиспитуваат своите можности за работа и ќе бидат принудени да донесат тешки одлуки.
Владината мерка со која на работодавците им покрива до 80% од платата на работникот за плата до 2500 фунти месечно (околу 3100 американски долари), им остава простор на компаниите малку да здивнат.
Првично оваа мерка требаше да трае до месец мај, сега е продолжена до месец јуни. Сопствениците на бизнисите знаат дека овие мерки од страна на владата не можат да траат неопределено време, но во секој случај бараат појаснување за случувањата после мерките, како истите ќе бидат прекинати и дали истите ќе бидат прекинати наеднаш.
Загриженоста е дека овие мерки ќе завршат и оддеднаш ќе ги остават бизнисите во безизлезна ситуација во која тие не ќе можат да се снајдат соодветно.
Компанијата „Бритиш ервејз“ се доближува кон крајот на искористување на мерките дадени од страна на владата како помош во ситуацијата со корона вирусот и со оглед на тоа што соопштувањата за „технолошки вишок“ треба да бидат издадени 45 дена претходно и работниците навремено да бидат известени, веќе ги притиска краен рок во кој тие треба да одлучат за тоа кои од нивните вработени ќе бидат прогласени за технолошки вишок.
Истражувањето од страна на Институтот за човечки ресурси и развој, покажа дека само 7% од компаниите имаат прогласено за технолошки вишок свои вработени и тоа да биде поврзано со состојбата со КОВИД 19, но дополнителни 12% од компаниите веќе предвидуваат отпуштање на свои вработени.