НА МАЛТЕШКАТА КОМПАНИЈА MARINER ADRIATIC И Е ДОВЕРЕНО УПРАВУВАЊЕТО СО КОНТЕЈНЕРСКИОТ ТЕРМИНАЛ ВО ПРИСТАНИШТЕТО ДРАЧ
Маринер Адриатик, дел од малтешката компанија Хили Компани, го презеде управувањето со контејнерскиот терминал во Драч, Албанија.
Повеќе од 90% од контејнерскиот превоз во Албанија се одвива преку Драч, чиј капацитет е повеќе од 180.000 TEU годишно, а ова пристаниште е во добра позиција да им служи и на околните земји, кои немаат пристап до морето како Србија и Северна Македонија
Маринер Адриатик, кој е одговорен за логистичко работење и управување со терминали во рамките на компанијата Хили, исто така е сопственик на Балтичкиот контејнерски терминал, кој има концесија на контејнерскиот терминал во Рига (Литванија), како и 50% од уделот во Terminal Intermodale Venezia (Италија), заедно со Mediterranean Shipping Company – МСЦ.
Операторот на контејнерскиот терминал во Драч, кој беше избран на тендерот, сега планира да спроведе нова програма за оперативна ефикасност, која ќе вклучува одредени инвестиции, како и ажурирање на оперативните практики и процеси, обука на вработените и сл., пренесува порталот maltatoday.com.mt.
Ова е важен чекор во развојот на нашата група и дополнително го докажува нашиот статус како меѓународен оператор на контејнерски терминали – вели Едвард Хили, извршен директор на компанијата Хили.
На почетокот на годината беше објавено дека целта е стратешко позиционирање на пристаништето во Драч за во иднина, имајќи предвид дека во следната деценија се предвидува тројно зголемување на поморската трговија во зоната на Јадранското и Јонското Море.
Ова пристаниште, каде што доаѓаат контејнери од повеќе од 70 земји, многумина го сметаат за важен играч во регионалното поврзување. Сепак, за зајакнување на позицијата ќе бидат потребни значителни инвестиции во инфраструктурата и изградба на сообраќајници.
Во изминатиот период, Драч интензивно се споменува како пристаниште што има изгледи да стане „поддршка“на Македонија и Србија во иднина, кога станува збор за трговија со далечните региони. На ваквото сценарио ќе треба да му претходи изградбата на Коридорот 8 кон нашата земја и „автопатот на мирот“ – од Ниш до Приштина, Тирана и понатаму до Драч, чиј датум на започнување сè уште е во доменот на најавите.
Економистот и консултант за странски инвестиции Махмут Бушатлија неодамна коментираше зошто Драч е интересен и зошто изградбата на коридорите кон Албанија би била економски исплатлива.
И покрај фактот дека Драч нема голем капацитет, дел од брегот таму има длабоко море, што ќе овозможи пристап на големите бродови0.
Тоа е предност, бидејќи големите прекуокеански бродови не можат да влезат во сите медитерански пристаништа, па затоа тие најчесто се превезуваат на Малта или на Сицилија, изјави Бушатлија.
Со длабоко пристаниште, изградбата на врската од Драч до Скопје и Софија, односно до Белград би била оправдана, односно контејнерскиот терминал на пристаништето Пиреја би добило конкуренција.