КОВИД 19 И ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ – ПОРАКАТА, ТРОШОЦИТЕ И ИДНИНАТА
Пораката
Првиот месец после ослободување од мерките спроведени поради корона вирусот, даваат увид на состојбата околу користењето на градскиот превоз. Самото користење на јавниот превоз е со препорака истото да биде на социјална дистанца помеѓу патниците.
Но прашањето е до кога јавниот превоз ќе биде под покровителство за да може да ги трпи трошоците, а притоа да обезбедува доволен капацитет на превоз на патници при постоење на препорака на социјална дистанца.
Како и да е, треба да се движиме во насока да се обезбеди единствен национален пристап, но со следење на состојбите на локално ниво кон користењето на јавниот превоз во состојба кога постои светска пандемија на корона вирус.
Никој не сака јавен превоз кој е со преполнет капацитет, а воедно да биде здравствено безбеден, но нема смисла воедно јавниот превоз да работи во услови кога би бил празен, затоа треба стратешки да се обмисли состојбата и опфатеноста на географски области и движењето на јавниот превоз според вистинските потреби на патниците.
А од друга страна треба да се мисли и на зголемувањето на загадување и издувните гасови, во ситуација кога луѓето се повеќе се дистанцираат во насока да останат безбедни и да бидат здравствено заштитени.
Останува за сигурно идејата дека справувањето со оваа епидемија мора да се спроведува на локално ниво, но во координација со национална стратегија, се во насока локалните одговори да бидат поефикасни.
Во однос на транспортот, кога постои шема на спроведување на мерки од горе – надолу ( од национални мерки кои треба да се применат на локално ниво) се троши огромно количество на време кое во обратна ситуација би можело да се употреби попродуктивно.
Најпрвин на сцена стапуваат шпекулациите, потоа доаѓаат сценаријата и испробувањето се додека не се донесат конечните решенија.
Откако ќе се појават деталите се оди кон спроведување на процесот и преиспитување на политиките дали истите се во ред и дали како такви треба да продолжат да се применуваат.
Ова е многу обемен процес кој што се случува, во секој случај треба да се разгледаат и други опции кои би можеле да носат поедноставни но истовремено и попродуктивни решенија.
Мора да се размислува однапред, да се планира однапред и сите очекувани сценарија да бидат покриени, а веќе некој друг вид на вирус да се дочека со подготвен начин на дејствување.
Трошоците
Ако постапките од минатото се некаков водич за тоа што би се случувало во иднина, тогаш од страна на јавните превозници се очекува да побараат дополнително финансиска помош.
Јавниот транспорт не може да се одржи самостојно бидејќи Владата постојано советува за социјално дистанцирање, кое е малку потешко одржливо при користење на јавниот превоз.
Дури и ако почнат да се менуваат пораките кои се упатуваат до населението, а тие да се поврзани со користење на јавниот превоз, тешко дека би се искористиле капацитетите на јавниот превоз како што тоа беше пред КОВИД 19.
Се претпоставува дека употребата на јавниот превоз ќе биде многу ниска, особено есента кога се очекува нов бран на вирусот.
Во меѓувреме сеуште нема дополнително издвоени средства кои би помогнале учениците да се вратат во своите клупи од септември. Владата очекува транспортните авторитети да продолжат да ги плаќаат автобуските оператори за патувања со намалени цени, а притоа тие да си ги плаќаат своите франшизи и да ги одржат релациите.
Многу предности може да се добијат со ова дополнително финансирање, но многу време се троши на краткорочни цели или на обидот да се направи единствено финансирање кое би им помогнало на сите транспортни компании.
Финансирањето на автобуските линии може многу лесно да се искомбинира со финансирање на железничките линии на интегриран начин што би одговарал на локалните потреби. Ова би значело одржување на линиите кои се користат, а не само опстојување на автобуски линии по секоја цена, а притоа истите не се профитабилни или воопшто не се користат од страна на патниците.
Иднината
Голема задача е да се постигне целта за „зелено закрепнување после КОВИД 19“ со агендата на декарбонизација.
Националниот план за климатски промени ќе треба да се задржи на приоритените пет инвестиции:
- Ниско ниво на емисија на јаглерод и згради кои би се вклопиле во иднината-
- Садење на дрвја, обнова на плодна почва и зелена инфраструктура
- Енергетските мрежи мора да се зајакнат заради енергетска трансформација со цел да се поддржи електрификација на транспортот и греењето
- Градење на инфраструктура која на луѓето ќе им овозможи полесно пешачење, возење на велосипед
- Движење кон циркуларна економија
Можноста која што ја наметнаа мерките спроведени заради ограничувањето од појавата на КОВИД 19, за жал малце се искористи во делот за прераспределба на патниот простор, односно доделување на повеќе простор на пешаците и велосипедистите.
Престојат голем број на предизвици кои се должат на можноста за задржување на овој вид на активно патување и менување на концептот на модалното активно патување и одржување на моментумот на правичната распределба на патниот простор.
Се додека водачите на локално и на национално ниво се држат до планот за активно патување, веќе пола од битката е добиена.