КАКО ЌЕ СЕ РЕФЛЕКТИРА ПРЕПОРАКАТА НА КРИЗНИОТ ШТАБ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ?

На вчерашната седница, Кризниот штаб предложи до Владата да усвои мерка за намалување на капацитетите во јавниот превоз на максимална искористеност од 50%. Како читате одма се запрашувате како на оваа мерка ќе одговорат превозните компании со сегашните возни капацитети.

Самата мерка нема да значи ништо, односно ќе доведе до поголем хаос во јавниот превоз доколку не биде пропратена со дополнителни мерки кои ќе помогнат во нејзината одржливост.

Нормално е сите граѓани да имаме еднакво право во користење на јавниот превоз, но кога ќе се сетиме на периодот од пред некој месец кога за јавниот превоз важеше истата мерка, зафатеност до 50 % на капацитетите, секако ќе се сетиме на гужвите и турканиците по автобуските станици и самите превозни средства.

Но не е само тоа, во тој период оваа мерка беше придружувана со уште еден поголем сет на мерки кои беа олеснителна околност при користење на јавниот превоз. Имено, во тој период голем дел од населението не го користеа јавниот превоз како:

  • вработени кои што можеа своите работни задачи да ги извршуваат од дома ( на пр. ИТ секторот, просветните работници, маркетинг агенциите и сл.);
  • ограничување на движењата на ризичните групи како пензионерите;
  • хронично болните лица и
  • ранливите групи на граѓани.

Предизвик за јавниот превоз

Самата најава на Комисијата треба да биде најава за припрема на нов возен ред за јавнитие претпријатија, кој ќе треба најмалку трипати да ја зголемат фрекфенцијата на превозните средства во ударните периоди, а тие се од 07-9.30 и попладне од 15.30 -17.30. Односно, ќе треба целосно да ја сменат динамиката и фрекфенцијата за да ги стават во максимална функција своите капацитети во дадените периоди за да ги нема секојдневните слики од постојките и автобусите.

Секако мерката за намалување на капацитетите ќе треба да се комбинира и со намалување на присуството на корисниците на превозот преку можноста на користење на флексибилното работно време и можноста за работа од дома, а на ранливите категории да им се препорача да не го користиат јавниот превоз во ударните термини, бидејки превозниците нема да можат да го издржат притисокот, а капацитетите ќе бидат 100% зафатени.

Тишината е златна

Но сепак кога требате да го користите јавниот превоз, едноставно немате друга опција, вреди да се напише некоја реченица за зборењето внатре во превозните средства и колку гласно се говори.

Бучните средини, каде што луѓето мора да се наведнуваат и да викаат за да бидат слушнати, се со поголем ризик од тивки простори. Се смета дека е една од причините зошто ноќните клубови, барови доживеа високо ниво на зараза.

Значи, какафоното превозно средство со љубители на спортот што пеат, би претставувал поголем ризик отколку автобус со тивки патници што „висат“ на телефоните.

Овој дијаграм, неодамна објавен од истражувачи во BMJ, ги опфаќа овие релативни ризици:

Па, како може еден секојдневен патник да го намали ризикот?

Секако, постојат основни работи што треба да ги направите – носете маска, избегнувајте ги шпицевите во превозот, ако можете и следете ги упатствата за физичко дистанцирање на постојките и станиците. Следењето на локалните совети за јавно здравје е најважната работа и значително ќе го намали ризикот.

Со респираторната болест како што е Ковид-19, колку повеќе луѓе дишат, кашлаат и зборуваат во истиот воздух како вас во ограничен простор, толку е поголема можноста да бидете заразени од вирусот.

Ако можете надвор да возите велосипед, да пешачите или да возите тротинет за да одите на работа, тоа е вашата најдобра опција бидејќи има повеќе простор да се држите на дистанца од другите.

Автомобилите се очигледно и лично побезбедни, под услов да останете да патувате со оние од вашето домаќинство. Но, ако сите возат, тоа ќе доведе до „трагедија на заедничките“ ефекти од поголем сообраќај и поголема еколошка цена, која градовите како Скопје, Битола, Куманово ја плаќаат секоја година во зимскиот период, па затоа е тешко да се препорача како општествено одговорен избор.

Автомобилите се многу неефикасни во користењето на урбаната инфраструктура. Ако сите се движиме во автомобил, никој не се движи “, вели Карло Рати, директор на лабораторијата Синсибит Сити во МИТ во Кембриџ, Масачусетс.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *