ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ТАНКЕРИ ЗА НАФТА ПОД РИЗИК ОД КЛИМАТСКОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ
Од досегашните направени анализи, силното делување во борбата за климатските промени, побарувачката за танкер бродовите за превоз на нафта е намалено речиси за една третина.
Побарувачката за бродовите до 2050 година ќе биде намалена за третина, бидејќи употребата на фосилни горива опаѓа согласно сценариото во кое глобалното затоплување е ограничено на 1,5 С, се вели во анализите на консултантската куќе „Maritime Strategies International“ (МСИ) која ги врши за Европската фондација за климата.
„Импликациите се прилично мрачни“, изјави авторот Стјуарт Никол за Climate Home News. Доколку финансиски се поддржуваат нови превозни капацитети, глобалната промена кон почиста енергија „ќе уништи голема количина капитал“.
Превозниците на сувиот растресит материјал, исто така, ќе бидат погодени од предвиденото преполовување на трговијата со јаглен, но истите имаат можност да се префрлат на превоз на други производи, како што е житото. Иако може да има зголемување на транспортот на пелети од дрво или биогорива, повеќето обновливи извори на енергија не бараат снабдување со гориво.
Инвеститорите треба да ги насочат своите пари кон бродовите на обновнивла енергија и да размислат за одвикнување од големите превозници загадувачи, се советува во извештајот.
Научниците предупредуваат дека останувањето на 1,5 C ќе бара невидена промена во политичката волја, тековите на финансирање и однесувањето. Студијата од Nature овој месец предупреди дека постојната инфраструктура на фосилни горива, доколку се работи во согласност со минатите трендови, за време на сценариото „1, 5 целзиусов степен“ ќе ја снема.
МСИ исто така вршеше анализа во согласност со одржувањето на глобалното покачување на температурата на 2С, што е договорена горната граница во Париз. „Јасно е дека има низа резултати“, изјави Никол, но „концептот за постојан и постојан раст на превозот, кој беше еден вид темел на индустријата… какви и да се предвидувањата на индустријата, тие треба да прифатат дека тоа нема да се случи.”
Активистите ги повикаа банките, пензиските фондови и другите големи заемодавци да се ослободат од бродарските превозни компании зависни од трговијата со фосилни горива.
Share Action, минатата година во мај препорача поставување црвена линија за бродарите кои од превозот на јаглен имаат повеќе од 30% приходи, што важи за повеќето фирми специјализирани за превоз на растреслив сув товар.
„Поради долгиот работен век на бродовите, транзицијата на преминување на бродови со ниско испуштање на штетни гасови претставува многу реална закана за превозните компании кои зависат од транспортот на фосилни горива“, рече Кристијан Вилсон од групата за кампања како одговор на извештајот на МСИ.
Единаесет главни банки минатата година ги потпишаа „Посејдоновите принципи“, со кои се утврдени стандардите за климатските перформанси на бродарските флоти. Меѓутоа, оваа рамка не ги опфаќа ризиците од животната средина или финансиите поврзани со содржината на јаглерод во нивниот товар.
Јохана Кристенсен, генерален директор на Глобалниот поморски форум, изјави дека транзицијата кон иднината на ниско ниво на јаглерод, „неизбежно ќе влијае“ на индустријата.
„Реалните проценки за импликациите од оваа енергетска транзиција врз бродарството се од огромна важност за лидерите во индустријата и инвеститорите кои донесуваат долгорочни стратешки решенија за вложувања, со што ќе се овозможи глобалната пловидба и понатаму да им служи на потребите на глобалната трговија и општеството во целина“, рече таа.