ЗОШТО СОРАБОТКАТА ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА Е ВАЖНА И СУШТИНСКА?

Автомобилската индустрија е реактивна наместо проактивна, за првпат по многу децении. Надворешните притисоци бараат работење со нови и скапи развојни програми, за кои што ниту еден автомобилски производител не е доволно подготвен.

Па од овие причини, може да се соочиме со нова ера во автомобилската индустрија каде би постоела тесна соработка.

Во последниве години, низа  настани доведоа до нов автомобилски свет – оној каде автономните и електричните возила се клучни за да се обезбеди иднината, додека пак падот на продажбата и менувањето на ставовите кон сопственоста на возилото создаваат притисок врз услугите за продажба и мобилност.

Партнерство

Форд во моментов работи со групацијата на Фолксваген врз програмата за електрични возила, во делот за автономни системи и комерцијални возила. Додека пак BMW и Daimler, некогашните ривали соработуваат во насока на развивање на автономна технологија и услуги за мобилност.

Тојота е во партнерство со Сузуки и Субару за развој на електични возила и отворање на нови пазари, а Рено веќе неколку години наназад работи со Нисан. Францускиот производител на автомобили, најверојатно ќе се спои со Фиат – Крајслер Автомобили.

Јагуар Ленд Ровер исто така работи со BMW на развој на електрични возила, додека пак BMW исто така работи и со FCA и неколку други технолошки компании на развивање на софтвер кој ќе може да го управува возилото без возач.

Сето ова можеби било незамисливо пред пола деценија. Но менувањето на пазарот за краток временски период доведе до ситуација во која, ако автомобилските производители не започнат да соработуваат, ќе заостанат во развојот.

Почетна точка

Скандалот Dieselgate од 2015 година може да се смета за почетна точка за катализирање на промените во автомобилската индустрија. До овој период дизелот имал репутација на чисто гориво, поради малите емисии на CO2. Сепак по појавата на извештаи од САД на измамнички уреди кои се опремени да го изменат азотното ниво (Nox) во тестирањето, пазарот на дизел автомобили започнал да опаѓа.

Одеднаш загадувањето од дизел автомобилите стана жешка тема, градовите започнаа да ги забрануваат за сообраќање, владите се повеќе да ги оданочуваат, а луѓето се помалку да ги купуваат.

Ако се земат во предвид европските цели за емисија на CO2, кои се активни од 2009 година, за многу автомобилски производители, автомобилот на дизел бил „чамец за спасување“ – технологија. Но поради настанатите промени во продажбата, сега продажбата на автомобили кои користат бензин ги надмина дизел автомобилите, овој чамец за спасување не постои.

Се оди кон електрични возила

До крајот на 2021 година, возниот парк на автомобилскиот производител не смее да има емисии на CO2 поголеми од 95g/km. Тие се соочуваат со казна од 95 евра, ако се надмине само еден грам на дозволените емисии, помножена со бројот на автомобили што ги продава во 2020 и 2021 година. За некои автомобилски производители оваа казна би изнесувала милијарди евра.

Единствена технологија која би се спротивставила на зголемување на загадувањето е електричната техногија. Многу од автомобилските производители на оваа технологија работеле во позадина, можеби со тендениција да пуштат на пазарот финален продукт односно возило кое би се движело со  помош на батерија во одреден момент. Оваа технологија е многу поразвиена отколку развојот на електрични возила и возила на водород.

Но секако дека оваа технологија многу чини во однос на финансиските средства и секако  дека во овој случај треба да се мисли и на емисиите на гасови и големите казни поврзани со нив.

Автономен развој

Истотака се случува и развој на автономни автомобили. Откако оваа идеја е отфрлена како апсурдна и која се случува само на филмовите, автомобилските индустрии започнаа да ја земаат во предвид особено откако Епл, Гугл, Убер и Лајфт започнаа да работат на возила без возачи.

Инвестицијата за развој на автономни автомобили е огромна. За некои автомобилски производители да можат да го поднесат финасискиот товар, а истовремено да останат во игра, започнуваат да соработуваат со други технолошки фирми само за да останат релевантни на пазарот. Други автомобилски производители, купиле производители на чипови, софтверски компании, бизниси кои работат со сензори, се со крајна цел да ги унапредат сопствените истражувања.

Променетите трендови на сопственост упатува и на заедничко развивање на автомобили , односно автономен автомобил кој ќе биде избор за мобилност во иднина.

Потребна е соработка

Оваа технологија мора да се развива и тоа да се случи многу брзо, бидејќи пеналите кои би ги платила автомобилската индустрија се огромни. Од друга страна пак, цената на развој на вакви технологии е многу скапа. На пример, за развој на електричен автомобил, автомобилски производители мора да најдат извори за батеријата, нови материјали, да развијат нови платформи и нови погони за производство. Без производствени капацитети на батерии во Европа, самото производство и превоз од Азија треба да биде добро организирано.

Продажбата на електрични возила преставува мал дел од целокупната продажба на автомобили на глобалниот пазар во моментов, па така  мала е веројатноста дека ќе се добие моментална награда за развој на оваа технологија. Истата логика важи и за автономните автомобили, па затоа најдобра опција за автомобилските производители е да соработуваат во однос на развојот на овој вид на автомобили.

Со ваква соработка, компаниите може да го добијат она што го сакаат и тоа по пола цена, поговорката вели: „две глави подобро размислуваат од една глава“ и тоа функционира во овој дел.

Работите се уште подобри кога ќе се спојат две компании кои имаат различен степен на развој во различни домени во однос на оваа технологија, па така меѓусебно се надополнуват. На пример, спојувањето на Фолксваген и Форд е полн погодок, германскиот производител е доста развиен во  MEB EV платформата која му недостасува на Форд. Додека пак американскиот производител поседува своја софтверска компанија, област која и недостасува на Фолксваген.

Во оваа насока соработката има смисла, а веќе Фолксваген и Форд се отворени за соработка и со други производители кои сакаат да се приклучат кон нивниот сојуз. Сето ова започнува една нова ера во автомобилската индустрија, старите традиционлни ривалсства се заменуваат со нови односи, за доброто на новите пазари и целиот свет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *