ЗНАЧЕЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ ЗА ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ КАКО „ЗЕЛЕНА“ ОДРЖЛИВА МОБИЛНОСТ

Согласно последниот извештај на ЕУ со напредок на нашата земја во однос на делот кој ја опфаќа заштитата на животната средина односно Кластер 4 под наслов Зелена агенда и одржлива ппврзаност, Европската Комисија констатира дека нашите институции немаат доволен капацитет за спроведување на политиките и законите.

Па така во поглавјето за заштита на животна средина е постигнат само одреден степен на подготовка, согласно „Европскиот зелен договор“. Оправданието се бара во недоволните финансии кои преставуваат предизвик за спроведување на сите барања во делот на заштитата на животната средина.

Програмата за смалувањето на загадувањето на воздухот се спроведува бавно, а се упатува и на фактот дека соработката на централната и локалната власт е недоволна. Усогласувањето на соработката меѓу нив, би била круцијална во насока на спроведување на многу мерки но и добивање на бенефит од истите.

Иако во делот на заштитата на природата е постигнат одреден напредок, во секој случај фалат средства кои на долги стази  би ги поддржувале овие иницијативи.

Во насока на спроведување на препораките и имплементација на договорот од Париз за климатските промени, сите случувања се во многу рана фаза на делување.

Согласно сите случувања на ниво на ЕУ во однос на препораките за „зелена“ одржливост, здружението „Еуромобилност“ спроведе проект кој се однесува на  подигање на свеста на граѓаните и нивна информираност околу користење на одржлив транспорт на луѓе, унапредување на безбедноста при управување со велосипед и воедно заштита на животната средина.

Иако овој проект беше поддржан од страна на Градот Скопје, а неговата апликативност е можна на целата територија на нашата држава. Аргументи за спроведување на  вакви проекти на општинско ниво има многу, најпрвин ќе го издвоиме моментално нјагорливиот проблем, односно препораката за социјална дистанца.

Во оваа насока упатуваме дека велосипедот воедно нуди можност за социјална изолација при патување од една до друга локација, но влијае и позитивно врз човековото здравје. Од друга страна покрај убедувањето на граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство и истиот да го прифатат како секојдневие во нивниот живот, на повисоко ниво (локално и регионално) треба да се работи на поврзување со велосипедски патеки и велодроми во рамки на градовите кои ќе бидат безбедни за користење.

Можноста за напредок во овој домен не застанува тука, па можеме да ги искористиме  добрите практики на градовите каде велосипедот е застапен во многу висок процент и да побараме помош од Европската Унија во насока на искористување на нивните фондови во функционална бенефит.

Се упатува на фактот  дека Европската Комисија  треба да има поголем удел во рамките на промоцијата на велосипедизмот кон сите земји членки и земји со кандидатски статус. Во таа насока треба залолжба околу изградбата на безбедна и соодветна  инфраструктура за велосипедистите (брзи и пократки рути).

Покрај обрнување внимание околу безбедноста на велосипедистите, препораките се движат во насока на:

  • Кога се развиваат планови за одржлива мобилност да се даде приоритет на велосипедистите и пешаците;
  • Поврзување на јавниот превоз со велосипедизмот (истите да може да се користат комбинирано);
  • Развивање на атрактивни инфраструктурни мрежи за велосипедски патеки во урбаните средини;
  • Создавање паркинг места за велосипедите.

Но покрај препораките кои Комисијата ги нуди, се нудат и проекти кои може да се извршуваат под мониторинг на ЕУ, како следните:

  • The Connecting Europe Facility (CEF) може да се користи за развој на поврзани мерки за велосипедска инфраструктура до Трансевропските транспортни мрежи (ТЕН-Т);
  • Програмата Хоризонт 2020 може да поддржува иновации и истражувачки проекти кои содржат компоненти за велосипедизам;
  • Програмата COSME може да ја поддржи конкурентноста на претпријатија поврзани со возење велосипед (на пр. производство на МСП поврзани со возење велосипед) и проекти за велосипедизам за европски размери;
  • Програмата LIFE може да поддржува активности поврзани со животната средина и климата;
  • Програмите Еразмус + и Европа за граѓаните можат да ги поддржат Европски кампањи, настани и други „меки“ мерки за вклучување на европски граѓани, промена на нивната перцепција и / или однесување (на пример за промовирање на физичка активност).

Тука мора да се подвлече дека ова се однесува за периодот 2014 – 2020, a за 2021 година ќе мора да ги почекаме новите програми.

Погоре споменатите програми се однесуваат на европско ниво, потоа треба да се споменат и т транснационални и прекугранични програмите кои  се под споделено  управување меѓу институциите на ЕУ и различните земји-членки и региони.

На национално и регионално ниво властите дистрибуираат најголем дел од Европски фондови достапни за возење велосипед како на пример: Европски регионален развој Фонд (ЕРДФ), Европски социјален фонд (ЕСФ) и Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (ЕАФРД)).

Можностите за развој на велосипедизмот се многу големи, па покрај локалното делување треба да се подигне влијанието на повисоко ниво притоа да се користат добрите практики на веќе добро функционални проекти како што е Цивитас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *