ЗЕЛЕНИОТ ПРЕВОЗ ЌЕ ГИ „ПАРКИРА“ АВТОМОБИЛИТЕ ВО ПОГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ ДО 2030 ГОДИНА

Од јавниот превоз до велосипедизмот, одржливиот транспорт е на пат да го престигне возењето автомобили во најголемите градови во светот во рок од една деценија, покажа неодамна објавената студијата.

Се очекува до 2030 година патувањата со приватни автомобили да се намалат за 10% , што во просек ќе изнесува помалку од половина од сите градски патувања, додека јавниот превоз, одењето и велосипедот ќе ја зголемат популарноста, открива истражувањето на  Mobility Futures.

„Тоа е работа на секој градоначалник, на секоја градска власт да стори нешто“, рече Ролф Кулен, директор за мобилност во консултантската фирма „Кантар“, која ја изработи студијата, заснована на истражувања во 31 град.

„Градовите почнуваат да разбираат дека не го градите вашиот град околу одредени превозни средства … Градот треба да го градите околу луѓето“.

Повеќе од половина од светското население живее во градовите и се очекува до 2050 година да се искачи на скоро 70%, создавајќи поголем притисок за простор.

Многу урбани центри кои се борат со закрчувањето во сообраќајот и загадувањето на воздухот бараат начин како да ги обесхрабрат патувањата со приватни автомобили, додека субвенционирањето за нови велосипеди и мали електрични возила им даваат на жителите нови начини на превоз.

Според истражувачите кои анкетирале повеќе од 200.000 жители во градовите од Њујорк до Најроби, патувањата со приватни автомобили во моментов претставуваат нешто повеќе од половина од сите патувања направени во поголемите градови, но до 2030 година ќе се намалат до 46%.

Патувањата направени со јавен превоз, велосипед или пеш, ќе достигнат комбинирано до 49% од градските патувања во текот на истиот период, создавајќи глобална „пресвртница“ кон одржливите патувања, покажало истражувањето.

Голем дел од промената е водена од зголемувањето на системите за изнајмување на транспортни средства, како велосипеди и електрични тротинети од страна на градските власти кои  поред воведувањето на новите системо почнаа да завземаат поголем дел од улиците за истите транспорти, велат истражувачите, додека генерациската смена доведе помладите луѓе да ги прифаќаат новите начини на превоз.

Околу 40% од луѓето на глобално ниво рекоа дека се отворени за нови форми на патување, велат истражувачите, иако градовите треба да инвестираат во технологијата, како што се електронските плаќања и системите за изнајмување, за да овозможат промена кон позелен транспорт.

Растот на свеста за загадувањето и метежот предизвикан од употреба на автомобили помогна да се поттикне промената, се сложи Јоан Ле Петит од Здружението за заштита на околината „Транспорт и животна средина“, иако рече дека градовите треба да одат понатаму со имплементацијата и развој на одржливиот транспорт.

Скопје и истражувањето

За жал Скопје се уште е „фатен во расчекор“, градските власти не успеваат да воспостават долгорочна стратегија за развој на градот, а со него и развојот на одржливиот транспорт.

Алокацијата на моменталните инфраструктурни капацитети, воспоставување на нови урбани транспортни системи, односно развивање на одржлива транспортна стратегија се уште не може да се почуствува во секојдневниот живот.

Значењето кое се дава на приватните патнички автомобили, „не можеш да функционираш без кола“, а сите тоа сме го кажале и повториле барем неколку пати во месецот и немањето друг начин со помош на кој две точки во градот ќе можат транспортно да се поврзат меѓусебе брзо, квалитетно и помалку стресно, градот Скопје и останатите градови ги прават за неатрактивни места за живеење.

зелениот превоз
Пред градскиот стадион во Скопје

За жал, стратегијата на зголемување простор за приватните автомобили, широките булевари со повеќе ленти за возилата отколку за учесниците во јавниот превоз се покажува преку изведените сообраќајни решенија како: реконструкцијата на Бул. Климент Охридски, проектот за новиот мост АСНОМ, паркинг зоните на тротоари во центарот на градот и сл.

Сите овие решенија се сигнали кои градските власти во изминативе години па до денес ги упатуваат кон граѓаните дека Скопје никогаш нема да дозволат да заличи на една транспортна урбана метропола.

Можеби постарите генерации не можат да ја разберат сериозноста на проблемот со загадувањето, но младите генерации кои навистина може да ги прифатат старо-новите начини на превоз ( Скопје е познат град каде до крајот на седумдесетите години од минатиот век, велосипедот беше главно превозно средство) нема да си дозволат да живеат и да развиваат град кој нема слух и стратегија за натамошен развој согласно принципите на одржливиот зелен транспорт.

Ние навистина треба да бидеме сигурни дека алтернативaта за приватниот автомобил е превоз со нулта-емисии на загаденост, да се споделува и да е привлечен во исто време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *