ЖЕЛЕЗНИЦАТА СИМБОЛ НА РЕВОЛУЦИЈАТА ЗА МОБИЛНОСТ И ЛОГИСТИКА ВО 21. ВЕК
Александар Дол, член на Управниот одбор на ДБ, одговорен за финансиите, товарниот превоз и логистиката и извршниот Директор на СНЦФ, Ален Пикард, повикуваат на револуција во мобилноста во корист на железничкиот товарен транспорт.
„Во 19 век, железницата беше симбол на индустриската револуција во Европа. Денес, од нас зависи дали ќе ја направиме симбол на револуцијата за мобилност и логистика во 21 век“, пишуваат Дол и Пикард во заедничкиот вовед за Дојче Феркерцајтунг.
Товарниот превоз и понатаму останува недоволно искористен, тврдат тие, и покрај неговите јасни предности: еколошка прифатливост, енергетска ефикасност, безбедност и економичност кога ќе се земат предвид надворешните околности.
Според обајцата менаџери, „возовите се решение за одржлив раст во Европа. Тие мора да бидат поставени во јадрото на идниот товарен транспорт и мора да го формираат ‘рбетот на европските логистички ланци за да станат одржлива основа за протокот на стоките во Европа“. Ова е единствениот начин европската економија да постигне траен силен раст додека ги исполни своите еколошки цели, велат Дол и Пикард. ОЕЦД проценува дека увозот и извозот во Европа ќе се искачат за 30% од сегашното ниво до 2030 година.
Во овој контекст, Дол и Пикард посочуваат на заедничката иницијатива на европските железнички компании и кампањата „Возот на Ное“ како примери на меѓународна соработка насочена кон зголемување на учеството на железницата во целокупниот товарен транспорт во Европа.
„Без железница, Европа веројатно немаше да биде она што е денес. И колку поинтезивно го промовира железничкиот превоз, толку поуспешно ќе може да ја управува претстојната транзиција кон одржливата енергија. Железницата има предности потребни за напредување во иднина“, изјавија Кукла и Пикард.