ЕВРОПА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ИНВЕСТИЦИСКА КРИЗА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СЕКТОР

Европската железничка индустрија предупредува на инвестициска криза во проектите наменети за железниците, доколку постојното законодавство за финансирање на ЕУ не биде изменето согласно настаната состојба со коронавирусот.

Различни лоби организации дадоа изјави во Отвореното писмо адресирано до Европската Комисија. Предлагачите во Отвореното писмо се осврнуваат на можностите за финансирање, со оглед на тоа што железничката индустрија бара поддршка со цел да се задржи функционалната европска логистика и мобилност.

Удар врз економијата

„Европските железнички компании, комбинираниот транспорт, железничката транспортна логистика, компаниите кои што ги одржуваат вагоните, работилниците и мобилните сервиси функционираат благодарение на значителниот напор кој го вложуваме“ – се нагласува во отвореното писмо. „Тешкотиите и значителниот пад на услугите помеѓу Европа и Кина ќе има значително влијание врз операторите во железничкиот превоз“.

Во однос на инфраструктурата се напоменува дека „раководителите на инфраструктурата ја одржуваат достапноста и нејзино функционирање на највисоко можно ниво. Но инфраструктурата исто така ќе страда ако се помалку услуги се вршат преку железничките линии и ликвидноста обезбедена од приходите за пристап до железничката инфраструктура ќе се намали правопропорционално со намалување на сообраќајот преку нејзе.

Финансирање на инфраструктурата

Се забележува дека постои итност во менување на постојното законодавство во ЕУ легислативата, особено во делот на финансирањето. „Кризата со коронавирусот веќе значително влијаеше на постоечките железнички инвестиции финансирани од ЕУ. Договорувачите веќе ги одложија изведбите, а некои од нив сосема ги прекинаа градежните зафати.  Истотака испорачувањето на железничка опрема и вагони е одложено. Забележан е пораст на цените на веќе порачаните материјали и услуги, што уште повеќе ја отежнува ситуацијата.

Во писмото се објаснува дека договорите за отпочнатите проекти мора да се модифицираат поради начинот на финасирање. „Инвестициите финансирани од страна на ЕУ треба да се прераспределат во два програмски периоди, да се модифицираат и да се дозволи нивно пролонгирање за една година. Сепак ниту една од овие можности не е компатибилната со постојната легислатива на ЕУ.“

Доколку Комисијата не преземе соодветни активности може да се случи  инвестициска криза во железничкиот сектор. Затоа ја повикуваме Комисијата да предложи поголем број на промени на тековните регулативи на ЕУ се со цел да обезбеди остварување на тековните железнички инвестиции финансирани од страна ан ЕУ.

Дозволена државна помош

Лоби организациите се обраќаат и на членките на ЕУ, барајќи од секоја земја поединечно да ја обезбеди потребната државна помош. На 19 март, Европската Комисија ја усвои Привремената рамка за државна помош. Кризата со коронавирусот може да се смета како исклучителна околност, која на земјите – членки им овозможува да донесат мерки за помош во согласност со член 107 (2) (б) од Договорот за функционирање на ЕУ (TFEU). Тие може да компензираат за штетите кои ги имале и директно се последица од настанатата ситуација. Укажуваат дека овие можности не се познати насекаде.

Се надеваме дека сите земји – членки ќе го почитуваат ова барање без исклучоци и ќе обезбедат соодветна поддршка рамномерно и фер за сите компании во железничкиот сектор, како и во останатите начини на транспорт“ – се вели во писмото. Се истакнува дека шемите за помош треба да бидат секторски и хоризонтални, а може да вклучуваат и даватели на услуги поврзани со транспортниот сектор.

Намалување на давачките

На крајот се повикува на зголемена поддршка на оние кои ја менаџираат инфраструктурата се со цел железничката мрежа да остане функционална и во добра состојба во овие критични моменти. „Ова може да биде привремено поврзување со ад-хок мерки за намалување на надоместоците за пристап до железничката инфраструктура и намалување на сметките за енергија за железничките оператори.

Понатаму се бара признавање на документи во електронска форма за различни царински постапки. „Само на овој начин може да се извршат одобренија за транспорт на стоки без масовни одложувања и притоа да се одржи ланецот на снабдување со добра и стоки.

Крајниот заклучок би бил: „Од особено значење е одржувањето во функција на железничките и интермодалните товарни услуги. Компаниите кои што ги одржуваат железничките транспортни средства треба да го обезбедат минимумот во одржувањето за да се овозможи непречен транспорт на стоки. Со оглед на околностите, уште поважно е да се координира пристапот кон ограничувањата, се со цел да се намалат евентуалните нарушувања при нивното движење.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *