ДАЛИ ЛЕТНИТЕ ОДМОРИ ЌЕ ГИ ЗАМЕНИМЕ СО ЗИМСКИ КАРАНТИН?
Оваа пролет кога европските земји станаа епицентар на пандемијата со корона вирусот, скоро сите земји воведоа строги мерки и заклучувања. На пример, во Франција на секое лице кое што требаше да оди и да пазари истото претходно мораше да извади дозвола, во Шпанија децата не смееа да излегуваат преку ден воопшто, во Шкотска и Велс, луѓето смееа да одат еднаш на ден да се прошетаат и мораа да останат во радиус од 5 милји оддалеченост од својот дом. Благодарение на ваквиот тип на мерки, европските земји успеа да ја израмнат кривата на КОВИД 19 и да одржат ниско ниво на фрекфенција.
Но како што одминуваа неделите притисокот за отворање на општеството стана се поголем. Луѓето имаа желба да се вратат на своите предпандемични животи. Тие сакаа динамични економии за да ги заштитат своите работни места, тие сакаа нивните деца да се вратат на училиште и да го продолжат своето образование, тие сакаа да се врати ноќниот живот и да почнат да ги посетуваат омилените пабови, да ги посетуваат пријателите, да патуваат и да одат на одмори.
Се покажа дека патувањата и туризмот низ Европа се еден од најгорливите проблеми. Туризмот учествува со 600 милијарди евра од БДП на Европската Унија. Туризмот овозможува скоро 12 милиони луѓе директно и 15 милиони луѓе индиректно да се вработат. А летниот одмор во Европа преставува засебна институција, која зазема централно значење на многу животи на луѓето, особено по појавата на ефтините авионски летови.
Па така,кривата на вирусот ова лето се намали и стана „прифатливо“ ниска во многу европски земји. На пример, Заедничкиот центар за биосигурност во Велика Британија излезе со информација дека прифатлива инциденца за Велика Британија е 1 000 нови симптоматски случаи на ден и со тоа започна олабавувањето на мерките и луѓето повторно почнаа да патуваат. Британците и Германците имаа тенденција да ги избегнуваат плажите, од друга страна Шпанците и Грците се обидуваа да го одржат туризмот во живот.
Но, предвидливо, бројот на случаи започна да расте и ова е една голема причина за загриженост помеѓу здравствените власти. Стравот од неодамнешните искуства е дека само неколку случаи можат многу брзо да ескалираат и да донесат илјадници нови случаи на заболени од КОВИД 19.
Зголемувањето на бројот на случаи во Европа е директна последица на активности како што се клупски забави, забави помеѓу помладите, брзањето да се поздрават меѓународните посетители се со цел да се подобри нивото на туризмот и неговите поврзани активности.
„Се соочивме со голем притисок од страна на туристичката индустрија затоа што е еден од поголемите економски сектори во Шпанија“ – изјави за Тајм, Џакобо Мендиороз, директор на комитетот кој реагираше за состојбата со КОВИД 19 во Каталонија. (Туризмот сочинува 17% од шпанското ГДП). Грција побара повторно воведување на рестрикции по скокот на бројките на заболени по враќањето на странските посетители.
Додека туристите се движат низ разни земји на ЕУ ( и Велика Британија), кои се на разни фази од олеснување на блокирањето, продолжува да се јавува вкрстена инфекција и неможност што побрзо да се победи болеста.
Единствен начин да се намали бројот на случаи од КОВИД 19 е да се прават тестови и да се изолираат случаи и секако да се формираат кластери кои треба да се следат. Нов Зеланд, Тајланд, Куба и Руанда спроведоа ваков тип на ригорозно сузбивање преку строги гранични мерки и во голема мерка се вратија во нормален тек на животните процеси.
Запирење на процесот на пренос во заедницата бара задолжителен и присилен карантин за патниците што доаѓаат и тестирање пред тие да излезат од карантинот. Европа би можела да го стори истото и да соработува со земјите да се оствари оваа цел, така што интреевропските патувања и туризам ќе може да продолжат кога би се изградил безбеден меур.
Како ова би изгледало?
Мерките за заклучување може да ги намалат бројот на случаи заедно со тестирањето и следењето може да се раскинат синџирите за пренос. Европските земји веќе презодоа дел од мерките за да го спречат ширењето на КОВИД 19, но таа работа треба да ја изведат до крај. Односно да се изгради добар дијагностички капацитет и да се понудат брзи и економични резултати од тестирањето. Ова е голем и тежок проект но не е невозможен, Германија го стори тоа многу успешно.
Но еве го и незабавниот дел, каде Европа мора да ги ограничи несуштинските патувања се додека не биде доволно безбедно да се патува односно да се патува меѓу земјите каде што вирусот слабее.
Знаеме дека вирусот се пренесува додека луѓето се движат. Ова нужно не мора да значи затворање на границите, но луѓето да мора задолжително да бидат тестирани при пристигнувањето во дадена земја, а потоа уште еднаш да бидат тестирани по пет дена. Треба да се спроведе изолација помеѓу два негативни теста, најмалку со пет дена разлика (аеродромите во Франкфурт, Берлин, Хамбург веќе воведоа задолжително тестирање при доаѓање од земји со широка распространетост и увидоа дека овој процес добро функционира).
Да, ова може негативно да делува на плановите за патување и шетање, но ова е единствениот начин на кој што може да спречи понатамошното ширење на вирусот. Ова мора да се земе во предвид бидејќи со падот на температурите, отворањето на училиштата, бројот на заразени може нагло да порасне и притоа пак да се оди кон национални заклучувања што би било поразително за националните економии во целина. Но стои и друго прашање кое треба да се размислува, дали по втор бран на заклучување би ги натерале луѓето во целост да ја почитуваат таа мерка?
Шкотска и Северна Ирска погледнаа нанапред кон престојната зима и склучија заеднички план за минимизирање на преносот во заедницата за да се избегне сериозно обновување на вирусот. Но ниту една нација ја нема контролата надвор од своите граници, па затоа сега им се случува нов прилив на случаи кои им доаѓаат од Англија и Велс, кои се однесуваат како остаток на земјите во Европа, односно биле по одмори и не се придржувале на мерката од 14 – дневен карантин.
Внатрешните проблеми во Обединетото Кралство даваат увид на состојбата во Европа, поради социјална и економска интеграција на Европа и законите за слободно движење во рамки на ЕУ. Па затоа стратегијата да се запре ширењето на корона вирусот бара соработка помеѓу европските лидери, кои со национални мерки се обврзуваат да ги намалат бројот на инфекции на усогласен и координиран начин. Тоа воедно значи и навремено споделување на информации за напредокот и спроведувањето на строги проверки на меѓународните патувања.
Да се работи на пренесувањето на вирусот во заедницата е многу тешко да се работи на ова ниво, потребен е голем напор за да се избегне повторно заклучување на национално ниво. Ова стратегија требаше да биде поважна отколку шетањето и одењето по одмори, но што ќе донесе есента треба само да почекаме и да видиме…