ДАЛИ Е МОЖНО ВО НАРЕДНИТЕ ГОДИНИ ДА ВИДИМЕ ВЕЛОДРОМИ ВО ДРЖАВАТА?

Денешната тема изградба на велодроми не е нова, ниту за нејзе прва пат се пишува, но тоа не значи дека треба да ја заборавиме. Во време на пандемијата кога се преферираат заштитните мерки, велосипедот како превозно средство и средство за индивидуален спорт станува фаворит.

Националната стратегија за развој на транспортот се повикува на мобилноста кое е универзално право, движењето со велосипед низ државава би требало да е реално можно, преку интегрирана мрежа на функционални патеки, ленти и велосипедски автопати. „Мобилноста“ е универзално право и тоа е политички инструмент што е неопходен за создавање прифатлив, пристапен, интегриран и „зелен“ транспортен систем.

Воедно овој вид на транспорт во предвид ја зема благосостојбата на сегашните и идните генерации, почитување на животната средина и зачувувањето на културното наследството во земјава.

Трасите од гасоводот во функција на велодромите

 

Бидејќи македонскиот гасоводен бум започна во западниот и источниот дел од државата, единствениот и поефтин начин да се достави гасотот е преку цевководите. Сведоци сме од ден во ден како се разгранува гасоводнота мрежа и очекувањата се приближно околу 500 километри мрежа да има во нашата држава.

Тие цевководи можат да пресечат голем дел низ имотот, со службена ширина од 10 метри ( истата беше предвидена на 25 метри, но се намали на одредени места на 10 метри). Како што можете да видите на мапата, тоа е како да се гради пат и штом гасоводот се најде во земјата, не можете многу да направите над него. На пример, не можете да изградите постојани структури врз истиот.

Ние имаме ена необична идеја: Што ако со тој масовен гасовод во прв правец, одејќи од Бугарија, поврзан со Грција и магистрални текови внатре во државата, се одлучиме да го користиме како велодром?

Станува збор за предлог „на памет“, но ве тера да размислите. Идејата би ги направила магистралните гасоводни линии во огромна патеки за велосипеди.

Мислиме дека ако државата развие инфраструктура од 500 километри, може да добиеме 500 км. велосипедски патеки од проектот. Додека гасот тече под површината, тркалата без јаглерод може да се вртат над земјата.

Замислуваме групи и семејствата кои патуваат на својте патувања со велосипед по овие патишта, застанувајќи на често занемаруваните места од културното и природното наследство и попатно ги трошат многу потребните туристички финансиски буџети.

Преземањето на неискористената инфраструктура и претворањето во рекреативни атракции не е невидена идеја. Тука е Хај Лајн во Њујорк, кој зазеде стара подигната пруга и ја претвори во урбана оаза за пешачење, при што ги зголеми вредностите на имотот и привлече малопродажни бизниси како резултат.

Но, гасоводот не е напуштена теснолинејка или затворена пруга. Нормално, за да може да се одржува или да се пристапува до гасоводот, трајни градежни структури не може да се градат во службената должина, како и длабоко да засадуваат дрва и слично, но возењето на земјоделска машинерија како комбајни и трактори не претставува проблем, што би значело, теоретски, врз гасоводот би можеле да се двиожат велосипеди, но останува за расправа дали може да се поплочи гасоводната траса.

Веруваме дека оваа идеја нема лесно да се прифати од групите за заштита на животната средина, бидејќи тоа ќе го отвори прашањето на загриженост во врска со излевањето на гасот и безбедноста. Додека во поглед на финансиите, трошокот е приближно 5 проценти од вкупната цена на проектот за гасоводот.

И доколку оваа идеја најде место, тогаш ќе го отвори прашањето на искористување на површините од нафтоводот, трасите од пругите кои не се во употреба, како и трасите под енергетските далеководи.

Трасите од железничките пруги во функција на велодромите

Секако на гасоводот можеме да се надоврзиме и на трасите од теснолинијските железнички пруги помеѓу Градско-Прилеп-Битола и Скопје – Кичево – Охрид, како и постоечките пруга Б. Гумно – Сапотница. за предностите во искористувањето на овие траси веќе неколку пати е говорени и пишувано. Вложувањата во оваа инфраструктура нема да можат да се споредат со можностите кои ќе се нудат за развој на руралниот туризам.

Пропратните бенифити од велодромите

Истакнувајќи ги предностите на изградба на велосипедски патеки во нашата држава ги истакнува само предностите кои се однесуваат и на развој на локалниот и руралниот туризам, како и развојот на меѓуграничното поврзување со соседните земји.

Па така со изградба на една ваква велосипедска мрежа би се довело до можност за посета на туристички атракции како и престој во новоотворени мотели, хостели и хотели како преноќувалишта.

Покрај развојот на домашниот туризам, позитивно ќе влијае и на привлекувањето на странски гости кои би можеле да ја користат нашата мрежа за омор и воедно за разгледување и посета на историски знаменитости и туристички атракции.

Од друга страна пак би можело да се истакне и позитивниот ефект врз здравјето на луѓето и поттикот се повеќе да се користи велосипедот како превозно средство и не само во границите на локално ниво, каде што велосипедистите живеат туку истиот да се развие и да се употребува на регионално ниво, за превоз од руралните средини до градовите.

Од стратешка гледна точка и финансискиот обем при изградбата на мрежата би требало да се земат во предвид и долготрајните позитивни ефекти од ваквите политики бидејќи секоја модерна влада треба да обезбеди сигурен транспорт за граѓаните во својата држава, а потребата од таквата сигурност ја увидовме оваа година особено со појавата на КОВИД19 и потребата од социјално дистанцирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *