ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА РАЗГЛЕДУВА ОПЦИИ ЗА ПОМОШ НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА

Германската сојузна влада размислува за огромна  финансиска помош која ќе биде наменета за железницата која се најде во незавидна ситуација после пандемијата со КОВИД 19.

Според документот насловен како „Справување со финансиските последици од пандемијата на корона вирусот во ДБ ( Дојче Бан) “, владата проценува дека финансиското влијание  на пандемијата врз ДБ би можело да достигне меѓу 11 милијарди и 13,5 милијарди евра до 2024 година.

Владата размислува за финансирање околу 80% од зголемените трошоци. Акционерскиот капитал на владата во ДБ може да се зголеми од 6,9 милијарди евра на 8,4 милијарди евра со што воедно ќе се зголеми сегашниот лимит на долгот на DB од 25 милијарди евра. Нето финансискиот долг на DB  беше 24,2 милијарди евра до крајот на 2019 година. За возврат, DB ќе допринесе околу 5,1 милијарда евра за пополнување на финансискиот дефицит преку намалување на трошоците и запирање или одложување на инвестициските проекти.

Сепак, финансискиот пакет мора да биде одобрен од страна на федералниот парламент, Европската Комисија и надзорниот одбор на DB. Доколку пакетот биде одобрен, DB првично би требала да прими помош која би изнесувала околу 4,5 милијарди евра, со тенденција на  зголемување на овие средства до крајот на годината. DB се надеваше дека ќе собере дополнителни средства со продажба на својата подружница Arriva, меѓутоа продажбата е одложена на неодредено време.

Финансискиот пакет би бил поголем од оној кој се планира за Луфтханза и воедно се соочи со критики од опозициските партии и од лоби групите што ги претставуваат приватните железнички оператори.

DB беше истотака критикувана затоа што го одржа својот сообраќај на 75% кога превозот на патници беше опаднат на 10-15% во однос на пред пандемиската ситуација. DB тврдеше дека одржувањето на возниот ред е поради потребата за превоз на критични работници. Но другите железнички оператори ги намалија своите услуги многу повеќе од DB и во таква ситуација не можеа да ја покријат побарувачката од страна на патниците. Истотака DB е погодена и во делот на товарниот превоз кој падна дури за 40% од пред почетокот на ситуацијата предизвикана од КОВИД 19.

Според владиниот документ, DB би можела да се соочи со пад на приходите од 5 милијарди евра оваа година, а исто така се соочува со високи трошоци за одржување и чистење на станиците и возовите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *