ВРАЌАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ВО ЈАВНИОТ ТРАНСПОРТ КАКО ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА
Првиот и најважен чекор е да се надмине перцепцијата дека јавниот превоз е опасен и да се нагласи дека може да се управува со ризиците. Со воспоставување на соодветни процеси, неопходно е да се испраќаат пораките како што треба и тоа да се започне веднаш.
Франција
„Ситуација без преседан заслужува одговор без преседан“ – изјави Франк Лакрокс, извршен директор на TER services at SNCF Voyageurs, на 12 јуни започнувајќи масовна кампања за да ги охрабри патниците да се вратат во неговите возови, бидејќи Францијата започнува повторно да се отвора после пандемиското затворање од КОВИД 19.
SNCF се здружи со Régions de France за да го врати моментумот на раст, преку маркетинг и промоции на билети, воедно поканувајќи ги граѓаните кои не можат да летуваат во странство, да патуваат со воз и да ги откријат убавините на својата земја.
Железницата започна да ги зголемува бројот на услуги за патување на долги релации и воедно ги уверува своите патници дека воведува дополнителни мерки за чистење и други мерки на заштита кои се преземаат за да се обезбеди заштита на патниците од корона вирусот.
Додека некои земји се во различна фаза со справување со корона вирусот, се повеќе национални влади бараат рестартирање на националните економии после неколку месеци на затворање поради КОВИД 19, работниците да се вратат на своите работни места, продавниците повторно да се отворат, се со цел да се трошат пари и да се создаваат нови работни места, што впрочем се случи и кај нас.
Клучно за овој потфат е добивање на контрола врз вирусот и минимизирање на можноста за пренесување на вирусот, преку мешавина на интезивно тестирање и следење на контактите на заразените. Владата и граѓаните со право остануваат претпазливи за ризикот од „втор бран“ или зголемување на стапката на заболени после олабавување на мерките.
Но, каде го става ова транспортниот систем?
Меѓународното здружение за јавен транспорт уште во мај месец предупреди дека „целиот екосистем на овој сектор ќе мора да се бори за да ја преживее оваа криза, да ја обнови довербата во јавниот превоз и на крајот да излезе посилен“. Додека Франција тргна во офанзива, пораките во јавноста околу користење на јавниот транспорт се измешани.
Советите од СЗО дека луѓето мора да држат социјална дистанца од 2 метри оддалеченост за да се намали можноста за пренесување на вирусот воедно го намалија капацитетот на јавниот транспорт, на пример возовите се ограничени на 20% од нивниот номинален капацитет. Значи дека не е изненадување кога транспортерите повикуваа дека оние кои не мора да патуваат да останат дома и да им отстапат место за патување на оние патници кои мораат да патуваат,а немаат друга алтернатива за превоз. И при повторените побарувања од страна на транспортерите се доби општ впечаток дека јавниот транспорт е некако „небезбеден“ за патување.
Министерот за транспорт во Велика Британија, Грант Шапс, дури отиде дотаму што почна да ги советува патниците да користат сопствени автомобили за превоз ако треба да патуваат од едниот до другиот крај на градот или ако е поблиска релација да користат велосипед или да се движат пешки. Ова е одличен рецепт за зголемување на загадувањето и настанување на гужви по патиштата и нивни бликорање, во исто време кога императивите за ублажување на климатските промени повикуваат на намалена зависност од приватни возила.
Поранешната комесарка за транспорт во Њујорк Janette Sadik-Khan, истакна дека „дури и за време на пандемијата, системите за јавен транспорт покажуваат дека се неопходни за функционирањето на големите градови, притоа превезувајќи ги работниците до своите работни места и во насока на делување како главен економски двигател на економската стабибилност.“
„Најгорливиот проблем на транспортните компании е управувањето на истите со големи минуси во буџетската рамка и борбата да се вратат патниците кои престанале да го користат јавниот превоз поради настанатата ситуација со КОВИД 19.“
Високо поставените стандарди за чистење и силните кампањи за заштита на здравјето ќе бидат дел од суштинското значење за да се врати довербата кај патниците и да им се укаже дека транспортниот систем спроведува високи мерки за заштита на јавното здравје.
Додека првичните извештаи укажуваа на фактот дека јавниот транспорт може да биде „вектор“ на ширење на заразата, особено во Њујорк има малку докази за ваквите тврдења. Урбаните железници во Франција, Јапонија како и Јужна Кореја, како и зафатените метроа во Хонг Конг и Италија објавија неколку случаи за пренос на вирусот меѓу патниците.
Додека науката не изнајде решение за справување со вирусот, носењето на маски на лицето ќе биде дел од секојдневието. За разлика од честата загриженост од загадувањето и носењето на маски лично да се зачува здравјето, носењето на маски во случај на КОВИД 19 е да се заштитат останатите, односно ако поединецот е заразен од КОВИД 19 да се спречи понатамошното ширење на вирусот, ова особено е важно бидејќи постојат многумина кои се асимптоматски носители на вирусот.
Времето на изложеност е истотака фактор кој е битен, па така патувањата кои не траат повеќе од 15 минути, со многу свеж воздух кој се внесува во возилата секогаш кога се отвараат вратите при застанување на станиците е безбеден.
Со оглед на задолжителноста на носењето на маски во затворен простор, а воедно и при користење на јавен превоз, се чувствува подобрување на состојбата во врска со преносот на вирусот. Тоа се должи на комбинација на неколку битни елементи како: задолжителноста на носење на маски во затворен простор, редовно проветрување на автобусите и нивно редовно чистење, а воедно и одржувањето на препорачаната социјална дистана од 1-1,5 метри би требало да се укине или да се намали. Ова е потребно се со цел да се врати полниот капацитетот на урбаниот превоз.
Сепак возовите кои вршат превоз на долги релации остануваат голем предизвик во ситуација со пандемија на корона вирус, поради можноста самиот вирус да патува низ системот на климатизација. Сепак операторите и производителите на возовите бараат начини за подобрување на вентилацијата и филтрацијата на воздухот , вклучување и инсталација на системи за чистење на воздухот поврзани со редовните програми за дезинфекција на возовите и станиците.
Враќањето на патниците назад во јавниот превоз ќе биде долг процес. Многу оператори прифаќаат дека сообраќајот нема да се врати на предпандемичното ниво за две или три години. Но секако во овие летни месеци треба да се размисли за користење на оддржливи средства за превоз како велосипеди и тротинети, а воедно да се дестимулираат граѓаните на користење возило. Борбата со загадувањето ќе трае и после завршувањето на пандемијата.
Суштински прв чекор ќе биде надминувањето на перцепцијата дека јавниот превоз е опасен и да се потенцира дека може да се управуваат ризиците. Како и воспоставувањето на соодветни процеси, неопходно е да се испраќаат пораките како што треба и со тоа треба да се започне веднаш.