ВО СТОКХЛОМ ОДРЖАНА ТРЕТАТА ГЛОБАЛНА МИНИСТЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА

Сообраќајните патни несреќи во светот одземаат повеќе од 1,3 милиони животи секоја година. Уште поалармантно е нивното влијание врз младите: според Светската здравствена организација на ООН (СЗО), сообраќајните повреди на патиштата се водечка причина за смрт кај децата и младите на возраст меѓу 5 и 29 години.

Како може глобалната заедница да соработува за да го смени овој тренд? Ова беше клучното прашање упатено за време на 3. Глобална министерска конференција за безбедност на патиштата, под покровителство на Светската здравствена организација, која се одржа помеѓу 18-20 февруари во Стокхолм (Шведска).

На неа учествуваа 1.700 делегати од 140 земји, вклучувајќи министри за транспорт, здравство и внатрешни работи од земји-членки, високи функционери од агенциите на Обединетите нации (ООН), претставници од светот на индустријата и истражувањето, меѓународни институции и невладини организации (НВО), вклучувајќи и организации за подршка на велосипедизмот и пешачењето од целиот свет.

Конференцијата го означи крајот на Декадата на ООН за акција на патиштата 2011-2020 и воедно беше почетна точка за продолжение на меѓународната соработка за безбедност на патиштата до 2030 година. Стокхолмската декларација – која повикува на нова глобална цел за намалување на смртните случаи на патиштата до 2030 година, беше клучниот исход на оваа Конференција и ја претстави шведскиот министер за инфраструктура, г. Томас Еротот.

Оваа изјава ја поврзува безбедноста на патиштата со спроведувањето на Агендата за одржлив развој 2030, поврзувајќи ја безбедноста на патиштата со неколку цели поставени од страна на ООН за одржлив развој, вклучувајки ги климатските мерки, родовата еднаквост, здравјето и благосостојбата, како и одржливите градови и заедници.

Фокусирајќи се на активната мобилност, Стокхолмската декларација има намера „да ја забрза промената кон побезбеден, почист, енергетски поефикасен и достапен начин на транспорт и да промовира повисоки нивоа на физичка активност како што се пешачење и возење велосипед, како и интегрирање на овие начини со употребата на јавниот транспорт за да се постигне одржливост“.

Исто така, ги одразува деветте препораки на независната академска експертска група на конференцијата, развиени за поддршка на намалување на смртните случаи на патиштата во светот за една половина до 2030 година. Меѓу деветте препораки, две ја истакнуваат потребата од мерки за зголемување на активната мобилност меѓу децата и пошироката јавност која вклучува велосипедизам и пешачење.

Голем број на настани поврзани со безбедноста на патиштата

Бројни настани, од страна на организации кои присуствуваа на Конференцијата, ја одбележаа оваа недела во Стокхолм посветена на безбедноста на патиштата, а неколку иницијативи, исто така, ја истакнаа потребата за промовирање и зајакнување на активната мобилност кај младите.

Пред почетокот на конференцијата, Иницијативата за детското здравје предводена од ФИА го промовираше својот нов Манифест 2030: Безбедни и здрави улици за деца, млади и клима.

Манифестот повикува на трансформација на градските улици до 2030 година во безбедни, со мали брзини и достапен простор што ги става на прво место луѓето, поттикнувајќи го нулта јаглеродот преку пешачењето и возењето велосипед со примена на „вакцината за брзо движење“: безбедни пешачки патеки и премини; заштитени велосипедски патеки; и ограничувања на брзината до 30 км/ч во сите области каде што се мешаат децата и автомобилскиот сообраќај.

Покрај тоа, се одржа и второто Светско младинско собрание за безбедност на патиштата пред третата глобална министерска конференција. Собранието беше целосно управувано од страна на младите и го организираше глобалната работна група на млади лидери, свикана од глобалната невладина организација „ВАШИ – Младите за безбедност на патиштата“. Учествуваа 200 млади лидери и агенти за промена од повеќе од 75 земји, сите избрани поради нивните лидерски активности во заедниците. Собранието ги истражуваше безбедноста на патиштата и целосни решенијата за намалување на причините за смртта на младите. Како опиплив резултат, младите лидери ја усвоија Глобалната изјава на младите за безбедност на патиштата, барајќи и мерки и истовремено искажаа заложба за постигнување на целите утврдени во глобалната агенда.

Со толку многу алатки во рака и бројни ветувања за засилена соработка меѓу јавните власти, приватниот сектор, невладините организации и институции ширум светот, се надеваме дека Стокхолмската декларација ќе обезбеди опиплив пат до намалување и избегнување на смртните случаи на патиштата, а што е уште поважно, дека велосипедистите и пешаците, инаку познати како ранливи корисници на патиштата – ќе бидат позаштитени на нашите патишта.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *