ВО ГРАДОВИТЕ, ПЕШАЧЕЊЕТО, ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД И ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ОСТАНУВААТ ПОЗЕЛЕНИ ОПЦИИ ЗА МОБИЛНОСТ
Овогодинешниот извештај за транспорт и животна средина „Првиот и последниот километар – клучот за одржлив градски транспорт“ оценува како зелените и одржливите можности на превоз „прв и последен километар“ , како велосипеди, е-тротинети или други средства за патување на кратки растојанија, можат да ги трансформираат системите за мобилност во градовите.
Извештајот исто така оценува како иновативните услуги за градскиот товарен транспорт и внатрешните градски испораки, вклучително и употребата на беспилотните летала, можат да го направат урбаниот товарен транспорт поодржлив.
Кратките патувања на почеток или на крајот на патувањето се основен дел од дневното патување. Автобуските, железничките и метро услугите честопати го покриваат главниот дел од патувања до и од работа, но луѓето сепак треба прво да одат, да возат или да користат друг начин за да стигнат до и од најблиската станица.
Поквалитетните патувања од првиот или последниот километар имаат можност да ја намалат употребата на автомобили – намалување на застојот во сообраќајот, емисиите и подобрување на квалитетот на воздухот. Градовите можат да направат многу за да го олеснат пристапот до системите за јавен превоз преку создавање атрактивни урбани простори кои се добро поврзани со јавната транспортна инфраструктура и со тоа пешачењето и велосипедизмот до и од центрите и приклучните станици да стануваат полесни и пријатни.
Преминот кон пешачење, возење велосипед и јавен превоз ќе биде клучно доколку Европа сака да ги исполни своите долгорочни цели за одржливост и цели на политиката според Европскиот зелен план (European Green Deal) предложен од Европската комисија во декември 2019 година.
Апликациите за дигитализација и мобилност можат да создадат добар систем на мобилност во градот, но тие не можат да го компензираат неразвиениот јавен транспорт, се предупредува во извештајот. За зелените опции да имаат фер шанса да се натпреваруваат со автомобилите, цените исто така треба да ја одразуваат штетата направена на здравјето и животната средина.
Не сите опции за мобилност подеднакво зелени
Земени заедно со јавниот превоз, пешачењето и велосипедизмот за кратки градски патувања даваат најголеми придобивки, како за здравјето на луѓето, така и за животната средина во урбаните средини. Воведувањето и брзото прифаќање на програмите за споделување возила засновани врз апликации, исто така, може да има придобивки, меѓутоа, извештајот укажува на студии кои покажуваат дека нивното влијание врз животната средина не е секогаш позитивно.
Иако, системите за споделување е-тротинет привлекуваат корисници кои би пешачеле или користеле јавен превоз, сепак е-тротинетите генерираат неколку директни влијанија врз животната средина. Нивните зелени овластувања можат да бидат ставени под знак прашалник од значителните негативни влијанија поврзани со нивните материјали, нивното производство и нивната честа колекција за повторно полнење на батериите.
Слично на претходното, студиите покажуваат дека апликациите за такси возење како Uber или Lyft прават малку за да ги намалат емисиите или метежот и всушност само ги оддалечуваат луѓето од јавниот превоз.
Зголемувањето на емисиите во транспортот го отежнува напредокот на ЕУ кон целите на заштита на животната средина и климата
Транспортниот сектор продолжува да се потпира многу на фосилните горива и е одговорна за една четвртина од емисијата на стакленички гасови во Европа. Секторот е исто така значаен извор на загадување на воздухот, особено на честичките (PM) и азотниот диоксид (NO2), како и главниот извор на бучава во животната средина во Европа.
Извештајот на ЕЕА (European Environment Agency) ги следи краткорочните и долгорочните влијанија во животната средина на транспортниот сектор во ЕУ. Емисиите во транспортот беа 29% над нивото од 1990 година во 2018 година. Според предлогот на Европскиот зелен план, емисиите на транспорт треба да се намалат за 90% до 2050 година за да се постигне климатска неутралност во ЕУ.
Други клучни наоди:
- Во 2018 година, просечната емисија на јаглерод диоксид (CO2) на новите патнички автомобили се зголеми за втора година по ред, достигнувајќи 120,4 g CO2 на километар. Бензинските автомобили ги надминуваат дизел горивата во продажба на нови патнички автомобили, но вкупната потрошувачка на дизел гориво продолжува да расте. Просечната емисија на CO2 на новите комбиња започна да следи сличен нагорен тренд во 2018 година.
- Емисиите на стакленички гасови од авио превозот најбрзо се зголемуваат во однос на останатите транспорти – во просек над 3% секоја година почнувајки од 2013 година. Емисиите на стакленички гасови од поморскиот транспорт се зголемени за 5% за 2 години (2015-2017).
- Учеството на обновливите извори на енергија што се користат за транспорт во ЕУ се искачи од 7,4% во 2017 година на 8,1% во 2018 година. Ова е далеку под целта на ЕУ од 10% поставена за 2020 година.
- Повеќе од 27% од европските граѓани се изложени на ниво на бучава во сообраќајот од 55 децибели (dB) или повисоко, вклучувајки 15-20% само од бучавата во патниот сообраќај.
Pingback:ЗОШТО ИНТЕГРИРАН ТРАНСПОРТЕН СИСТЕМ МУ Е ПОТРЕБЕН НА ГРАДОТ СКОПЈЕ - Еуро Мобилност