ВООДУШЕВАЧКИОТ БРЕГ НА АМАЛФИ

Амалфи, град и архиепископско седиште, регион Кампанија, јужна Италија. Лежи во клисурата на долината Мулини, покрај заливот Салерно, југоисточно од Неапол. Иако бил познат во 4. век, Амалфи бил од мало значење се до средината на 6. век од владеењето на Византијците. Како една од првите италијански поморски републики во 9. век, имала риваство со Пиза, Џенова, Венеција и Гаета како поморска сила во трговијата со Истокот.

Во градот доминира катедралата Св. Андреа (започната во 9. век, често реставрирана). Забележителни се и Костро дел Парадисо (Chiostro del Paradiso), манастир граден од 1266–1268, во непосредна близина на катедралата. Додека пак високо на карпата се наоѓа поранешниот манастир на Капучините (основан во 1212 година), кој пак денес претставува хотел.

Брегот Амалфи е еден од најубавите делови на крајбрежјето во Европа. Сигурна сум дека сте виделе слики од него. Сино небо, крајбрежни планини кои се спуштаат до синото море, живописни пристанишни градови, плажи и богати зелени маслинови градини и тераси со лимон. Оваа комбинација е она што ѝ дава репутација дека е толку посакувана и романтична дестинација низ вековите.

Неколку причини зошто брегот на Aмалфи е толку посебен

Можеби се протега на само 30 милји, но брегот Амалфи нуди доволно идилична убавина и италијански луксуз за самостојно патување. Возењето низ неговите кривулести крајбрежни патишта ќе ве одведат до шармантни крајбрежни градови, живописни плажи, карпи, вили и градини и секако некои од најдобрите хотели во светот.

Додека пак шарените села со стрмни и тесни улички се она што го прави овој брег поразличен од останатите. Многу градови во склоп на брегот Амалфи имаат богато историско наследство со важни знаменитости од историска и уметничка вредност.

Ова се некои од причините за посебноста на Брегот Амалфи:

Лимоните

Амалфи и околните градови се познати по нивните лимони. Често полни и изразито силни во нивниот вкус. Брегот на Амалфи ги има најдобрите лимони во светот.

Ќе ги видите насекаде. Висат надвор од карпестите тераси. Испреплетени на живописни патеки покрај морето и секако, тука е и Лимончелото. Познатиот ликер од лимон. Ќе видите и лимони во дизајни на керамика или пак додадени во тестенини и салати.

Лимоните на брегот Амалфи не само што ја смируваат душата, туку се и празник за очите.

Римјаните

Кога Римјаните го откриле брегот Амалфи, тие го направиле нивно место за забава. Аристократијата почнала да гради вили многу пред да биде ова место кул, всушност тие и го направиле кул. Куќите за одмор на брегот на Амалфи биле местото каде што тираните се повлекувале, сенаторите одмарале, а сопругите биле протерувани (не е лошо место за протерување!).

Римјаните ја препознале убавината кога ја пронашле и ја направиле подобра градејќи на врвовите од карпите и одгледувајќи свежи производи од уникатната плодна почва. Сите градови во Амалфи имаат римско потекло и сите сè уште претставуваат место за забава на богатите и славните.

Храната

Не е тешко да се убеди некого, Италија ја има најневеројатната кујна во светот, во што не се разликува ни Амалфи брегот.

На крајбрежната локација има најсвежа морска храна на располагање и истата ги привлекла некои од најдобрите готвачи во светот. Но, локалната кујна сигурно ќе го задоволи секој љубител на италијанската храна.

Терасите

Познатите градови Позитано и Равело на врвот на карпата се познати по своите тераси и ветровитиот пат што го додаваат величествениот шарм на крајбрежјето на морето. Ќе видите балкони несигурно поставени со поглед кон Медитеранот.

Позитано (итал. Positano)

Црквите и рестораните на врвот на ридот се сместени меѓу карпестите рабови. Погледите се неверојатни кон морето, но погледите од морето кон терасите се уште подобри.

Магично соединет помеѓу синото небо и блескавото обоено море, брегот на Амалфи се чини дека е роден од палетата на сликар кој сакал да ги искористи потоплите градиенти на бои за да создаде пејзаж кој го маѓепсува посетителот на прв поглед, давајќи возбудливо искуство и таков евокативен поглед на сомнеж, за момент, но всушност е реално.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *