ВИЗ ЕР ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО НОВИ ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ, БЕЛГРАД И ТУЗЛА

Нискобуџетниот превозник Виз Ер ќе воведе нова услуга од Белград, Тузла и Скопје до Салцбург, Австрија од 2 и 3 јули.

Летовите ќе се одвиваат двапати неделно од секој град со авионите „Ербас А320“. До најавата доаѓа само еден ден откако нискобуџетната авиокомпанија објави дека во јули ќе започне со летови од Милано кон Приштина.

Виз Ер соопшти дека ќе бара нови можности после пандемијата на коронавирусот и ќе распореди капацитети каде ќе види можности. Авиокомпанијата нема да има директна конкуренција на ниту една од трите релации, иако Ер Србија ја одржува линијата помеѓу Ниш и Салцбург.

РЕЛАЦИЈА ЗАПОЧНУВА
Skopje – Salzburg 3. јули
Belgrade – Salzburg 2. јули
Tuzla – Salzburg 2. јули

 

Коментирајќи ги операциите на превозникот, извршниот директор на „Виз ер“, Јозеф Варади, изјави: „Свесни сме дека ќе има намалена побарувачка која произлегува од коронавирусот, заради што намаливме некои од нашите капацитети, но ние не затворивме ниту една оперативна база и не затвораме ниту една рута.Само ја намалуваме фреквенцијата на одредени правци. Исто така продолжуваме да ги преземаме испораките на нови авиони, со што од сега па до јуни 2021 година ќе преземеме 22 нови испораки. Со тоа значително ќе ја зголемиме нашата флота и капацитетот и затоа започнуваме со нови активности, нови правци и евентуално нови бази.“

Од Wizz Air забележуваат дека побарувачката и довербата на клиентите полека се враќаат.

“Во моментов летаме со околу 10% од нашиот вкупен капацитет. Ние ја чувствуваме побарувачката за нашата услуга на многу начини во нашиот систем и исто така разговараме со различни странки кои го разбираат однесувањето на клиентите и го гледаме начинот на кој луѓето бараат можности за патување и слично. Сметаме дека луѓето сакаат да патуваат, луѓето сакаат повторно да летаат “, рече Варади.

Тој додаде: „Воопшто,  проблемот не е во намерата на луѓето да патуваат, туку ограничувањата што ги поставија владите, што ги прави работите прилично непредвидливи. За време на добрите времиња, без државни ограничувања, работевме во 45 држави, но во моментов нема две држави од оние 45 да имаат воведени исти ограничувања“. Целиот процес стана тотално некоординиран, доста е хаотичен и им отежнува на луѓето како да гледаат на овие проблеми, за тоа како можат да ја напуштат својата земја, како тие можат да влезат во друга земја и како ќе бидат ограничени движењата“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *