АЕРОДРОМИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ВО СЕРИОЗНА КРИЗА ПОРАДИ КОРОНА ВИРУСОТ

Економската состојба на операторите се влошува. Поради оваа причина, аеродромското здружение започна разговори со Берлин.

Серијата на откажување авиолетови од страна на европските авиокомпании им предизвикува се повеќе проблеми на аеродромите во Германија.

„Економската состојба на аеродромите се влошува од недела во недела како резултат на падот на сообраќајот“, вели Ралф Бајсел, извршниот директор на аеродромското здружение АДВ. Затоа започнаа разговорите со владата. „Нашата најважна и итна грижа се краткорочните и широко применливи регулативи за работење“, рече Бајсел.

Здружението повикува на законско утврдено овластување за донесување регулативи на сојузната влада, со кои брзо може да се стават во сила потребните вонредни решенија, кои веќе биле употребени во други кризи, изјави Бајсел.

Меѓувладиниот комитет треба да се состане во понеделник на оваа тема. Исто така во понеделник, Федералното Министерство за економија сака да се справи со последиците од корона вирусот кај превозните и туристичките услуги.

Аеродромите имаат проблем при кризи како сегашната. Аеродромите се големи инфраструктурни објекти кои не можат да бидат едноставно затворени, како што можете со летовите. Фиксните трошоци продолжуваат да се создаваат, но во исто време постои недостаток на приходи од аеродромски такси и угостителството. „Мерките за прилагодување се потешки за спроведување на аеродромите отколку кај авиокомпаниите“, вели Бајсел од здружението АДВ.

Генералниот директор ја опишува моменталната состојба како единствена. Трендот на опаѓање ги надмина сите претходни искуства, како што се економските падови во врска со терористичките напади на 11 септември 2001 година, ширењето на Сарс епидемијата или глобалната економска криза од 2008 и 2009 година. „Авиокомпаниите масовно ги намалуваат нивните планови за летање, едноставно авионите остануваат на земја. Сега сите аеродроми се погодени од сообраќајните падови предизвикани од корона вирусот. Ова значи дека аеродромите се соочуваат со огромни предизвици, кои се влошуваат од ден во ден“, предупредува Бајсел.

Аеродромскиот оператор „Фрапорт“ кој управува со аеродромот во Франкфурт во јануари ги почувствува првите последици од корона вирусот. Бројот на патници се намали за 0,7 проценти. Причината во тоа време беше, меѓу другото, недостигот на сообраќај кон и од Кина. Но за жал, овој негативен тренд забрза во месеците февруари и март.

Затоа компанијата започна програма за штедење. На овој начин, сите главни ставки на трошоци се ставија на проверка. Покрај тоа, вработените ќе треба да земаат неплатен одмор на доброволна основа или да се намали работното време на сите.

Нови вработувања можно е да има само во оправдани исклучителни случаи. „Ефектите од епидемијата на корона вирусот нè погодија во време кога германскиот воздушен сообраќај особено се соочува со големи предизвици“, изјави неодамна шефот на Фрапорт, Стефан Шулте.

Никој не може со сигурност да го предвиди времетраењето и обемот на откажани летови. Колку што е можно, компанијата сака да извести за финансиските последици настанати од корона вирусот овој петок при презентирање на билансот на состојба за 2019 година.

Кај нас, засега од двата аеродроми привремено се укинати сите летови од/кон италијанските градови Милано и Венеција. Со овие летови оперира унгарскиот авио оператор Виз Ер, а временета мерка е на важност до 3 април.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *