АВТОНОМЕН МИНИБУС ВО МОНХАЈМ
Градот Монхајм се наоѓа на десната страна на реката Рајна, меѓу Келн, Леверкузен и Дизелдорф и има преку 50 000 жители. Благодарение на големата хемиска компанија која се наоѓа во рамки на градот, тој се смета за една од најбогатите градови во Северна Рајна – Вестфалија. Овој град е дом на писателката Ула Хан во чии книги Монхајм е преименуван во Дондорф и игра голема улога во дејствијата на книгите.
Историјата на јавниот превоз во Монхајм
Локалниот јавен превоз во Монхајм постои повеќе од 100 години. Поради неговата локација, но и оддалеченост на неколку километри од железничката станица, започна да функционира „железница без железничка пруга“ – многу рана форма на тролејбус со многу основни возила. Во тој период постоеле два тролејбуса и две приколки.
Монхајмскиот „Gleislose Bahn“ не бил единствениот во Германија, но сепак и тие што постоеле биле малку на број. Друг ваков транспортен систем постоел во долината Ар и ги поврзувал тогашните соседни градови Бад Нојенар и Арвајлер (денес се споени).
„Железницата без железничка пруга“ не била многу успешна во функционирањето и по 10 години работа почнала постепено да исчезнува. Во Монхајм овој систем на траспорт траел од 1904 до 1908 година. Во 1908 година како замена на овие тролејбуси на релација помеѓу Монхајм и Лангенфилд, групацијата RWE отворила лесна електрична железница. На оваа траса поминувале товарни возови, патнички возови и вистински трамвајски возила. Постоеле две траси кои се движеле помеѓу Монхајм и Лангенфилд.
1963 година – карактеристична за движење само на автобуси
Во 1963 година официјално железничкиот превоз на патници во градот Монхајм завршил. Во исто време железничката станица на градот Монхајм „Bahnen der Stadt Monheim“ основал автобуска станица, која ја презела одговорноста за јавниот превоз на патници. Во 1963 година пет автобуси од типот Бесинг 13 и пет половни автобуси започнале да ги превезуваат патниците. Флотата од автобуси на автобуската станица во Монхајм брои 50 автобуси: 8 зглобни автобуси, 37 дванесетметарски автобуси и 5 автономни минибуси.
Во однос на товарниот превоз ништо не е сменето , со исклучок на фактот дека од 2014 „ Bahnen der Stadt Monheim“ е единствен сопственик на железничката траса, но повеќе не е оператор на истата. Истотака продадени се и нивните две локомотиви „Макс“ и „Морис“. Денес тие се само автобуски превозници.
26 февруари 2020: Концесија за линијата „А 01“ со автономни минибуси
На 26 февруари на компанијата „Bahnen der Stadt Monheim“ и била доделена концесија за линијата на автономни минибуси, започнувајќи од автобуската станица до центарот на стариот дел на градот, која што сообраќа исклучиво на јавни патишта.
Управниот директор на „Bahnen der Stadt Monheim“, Хуверман изјави: „Ова е привремена и истотака ограничена концесија. Концесијата не само што ни дава право на превоз туку ни дава обврска за негово навремено извршување. Ограничената концесија ни овозможува да откажеме патувања без најава. Покрај се, техничкиот систем на автономниот минибус е сосем нов за нас.“
Линијата „А 01“ започнува од автобуската станица во Монхајм. Преку Баубергер Штрасе стигнува до Кирхштрасе и продолжува до Евангелистичката црква. Тука започнува стариот дел од градот, се поминува покрај обележјето на Монхајм „Шелментурм“ и конечно се стигнува до Стариот град на бреговите на реката Рајна.
Се користат пет автономни минибуса од типот „ЕЗ 10“ од францускиот производител EasyMile. Мајкл Хаман, менаџерот на оперативата изјавил: „Можеме да работиме само со минибуси. Постојат места на трасата каде нормален автобус би бил едноставно преголем.
Во автобусот може да се сместат само 11 патници, а автобусите треба да бидат возени од страна на „оператор“ кој не е нужно возач бидејќи автобустите сами возат.
Операторот кој што е во автобусот и кој ја контролира ситуацијата треба да се погрижи минибусот да работи непречено, во случај на пречка на патот, на пример. При неправилно паркиран автомобил, операторот го исклучува автоматскиот режим за возење и ја користи контролната табла на автобусот рачно да го вози. Во овој случај кога операторот префрла на рачно возење, максималната брзина на возење изнесува 5 км/ч.
EasyMile потенцира дека „ЕЗ 10“ во иднина би можел да постигне максимална брзина од 40 км/ч. Но засега регулаторите се сеуште претпазливи, па затоа овие минибуси оперираат низ Монхајм со максимална брзина од 16 км/ч. Истовремено и ограничувањето на брзината на патиштата низ Монхајм изнесува од 20 до 30 км/ч, иако во пракса автомобилите не го почитуваат тоа правило.
Хаман истотака изјавува: „Единствени возила на патиштата кои патуваат со пропишаната брзина се нашите автономни автобуси. Сите останати возат премногу брзо. Линијата „А 01“ сообраќа секои 15 минути, седум дена во неделата. Кружното патување од и до автобуската станица трае околу 30 минути, така што се потребни три минибуса во исто време на трасата, вклучувајќи ја и паузата. Додека едниот патува, останатите два ги полнат батериите.“
Паркинг на старата градска станица
Петте минибуса не се паркираат на паркиралиштето кај останатите автобуси на компанијата„Bahnen der Stadt Monheim“. Наместо тоа тие користат регуларни паркинг места кај стариот градски терминал, каде всушност се ставени и постројки за нивно полнење.
Управниот директор Ховерман вели: „Се разбира дека не е идеално возилата да стојат надвор од нашата база, затоа сакаме да изградиме гаража за нашите пет минибуси.“
Минибусите возат многу тивко, постои опција која патниците во случај на опасност може да ја искористат, а тоа е рачка која се повлекува и се активираат сопирачките.