АВИОКОМПАНИИТЕ ОД БЛИСКИОТ ИСТОК СЕ СВЕДОЦИ НА ДРАМАТИЧЕН ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА ЗА 82,3% ВО ЈАНУАРИ
Најновите податоци од IATA откриваат дека капацитетот паднал за 67,6% на годишно ниво и факторот на оптоварување се намалил за 33,9%.
Авиокомпаниите од Блискиот исток забележаа пад на побарувачката во јануари за 82,3 % во споредба со истиот месец во 2019 година, според последните податоци на Меѓународната асоцијација за воздушни патувања (IATA).
Бројките се главно непроменети од 82,6 % пад на побарувачката во декември од година во година.
Тоа е убедливо најлош пад во сите области опфатени со ИАТА, каде е втора Европа по падот од 77,4 % во јануари.
Вкупната побарувачка за месец јануари, која се мери во приходните патнички километри или RPK, е намалена за 72 проценти во споредба со јануари 2019 година.
Капацитетот кај носителите на Блискиот исток падна 67,6 проценти, а факторот на оптоварување се намали за 33,9 проценти на 40,8 проценти.
Александар де Jунијак, генерален директор и извршен директор на IATA, изјави: „2021 година започнува полошо отколку што заврши 2020 година и тоа кажува многу. Дури и додека програмите за вакцинација земаат одредено темпо, новите варијанти на Ковид-19 влијаат врз владите да ги зголемат ограничувањата за патувања.
„Неизвесноста околу тоа колку ќе траат овие ограничувања, исто така, има влијание врз идните патувања. Резервациите од напред во февруари оваа година за сезоната на летните одмори на северната хемисфера се за 78 % под нивото во февруари 2019 година“.
Според Еди Пијанизек, раководител на аналитика и советник во консултантите за авијациско финансирање Ишка, вели дека непосредните изгледи остануваат мрачни за глобалната авио индустрија.
„Ништо нема да се промени во првата половина на годината“, рече тој. „Пуштањето на вакцините во оптек едноставно ги поттикнува луѓето да патуваат во втората половина на 2021 година“.
Пијанизек истакна дека отворените патни линии извршуваа малку или воопшто не извршуваа сообраќај во 2021 година за многу авиокомпании.
„Мешањето на луѓе на аеродромите го отежнува обезбедувањето патни коридори“, рече тој, додавајќи дека авиокомпаниите од Блискиот исток обезбедуваат до 80% од сообраќајот преку трамзитните патници. Создавањето меури и коридори станува скоро невозможно .“ додаде тој.
Вкупно 17,9 милиони луѓе поминаа низ меѓународниот аеродром во Дубаи минатата година, според Генералниот директорат за престој и странски работи во Емиратите, односно 32,5 милиони помалку од 50,4 милиони во 2019 година.