НАШАТА ЗЕМЈА Е ДЕЛ ОД CONNECTING EUROPE EXPRESS
На 9. мај, Денот на Европа, Европската комисија (ЕК) објави детали за возниот ред на посебниот воз Connecting Europe Express (ЦЕE). Возот за 36 дена оваа есен ќе посети 26 земји за да ја демонстрира моќта на железницата за поврзување на луѓето и бизниси и улогата што ја игра инфраструктурната политика на Европската унија (ЕУ) за да се овозможи ова.
Возот ќе го започне своето приближно 20.000 км патување од Лисабон на 2 септември и ќе посети 40 градови во 26 земји, вклучително и 24 престолнини, преминувајќи 33 граници. Возот ќе го заврши патувањето во Париз на 7 октомври.
ЦЕЕ е клучна иницијатива на Европската година на железницата и вклучува тесна соработка помеѓу ЕК, Заедницата на европски железнички компании за превоз и инфраструктура (ЦЕР), железнички оператори, управители на инфраструктура и други партнери на ЕУ и на локално ниво. Ќе се одржат настани на секоја од железничките станици за да се нагласи клучната улога што ја игра железницата во општеството, но исто така и предизвиците со кои се соочува овој транспорт за да привлече повеќе патници и товар.
Самата иницијатива ќе се организира со три различни возови за да се усогласат со ширината на колосекот од 1668 мм Ибериски, 1435 мм и 1520 мм што се користат во Европа. Возот со стандардна ширина ќе се состои од шест вагони, од кои во два ќе бидат претставени мобилни изложби за претставување на технологии што помагаат во подобрувањето на железниците и поддршката на ЕУ за инфраструктурни проекти. Исто така има вагони за конференција, седење, вечера и спиење со што е комплетиран возот.
Веќе е потврдено дека ќе се одржат пет конференции по должината на трасата во Лисабон, Букурешт, Брдо, Берлин и Бетембург, кои ќе се осврнат на плановите за железница наведени во Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на ЕУ.
„Преминувајќи го континентот, од Лисабон до Букурешт и од Берлин до Париз, ЦЕЕ ќе следи правци што нè врзуваат заедно – без оглед дали како земји, деловни активности или луѓе“, вели европскиот комесар за транспорт, г-ѓа Адина Валеан. „Иако е симбол за поврзување, овој воз служи и како потсетник дека не чека долг пат и треба многу да се стори пред железницата да стане изборна опција за транспорт за Европејците“.
Кога возот ќе го посети мојот град?
Патувањето на возот е следен:
3 септември: Лисабон – Мадрид
4 септември: Мадрид – Хендаје – Бордо
5 септември: Бордо – Шамбери – Торино
6 септември: Торино – Милано – Џенова
7 септември: Џенова – Рим – Верона
8 септември: Верона – Болзано – Бренер – Инсбрук
9 септември: Инсбрук – Салцбург – Линц – Сент Пелтен – Виена
10 септември: Виена – Братислава – Сопрон – Сомботеј
11 септември: Сомбатеј – Гикенеш – Загреб
12 септември: Загреб – Белград
13 септември: Белград – Ниш – Скопје
14 септември: Скопје – Гевгелија – Идомени – Солун – Атина
15 септември: Атина – Солун- Кулата – Софија
16 септември: Софија – Русе
17 септември: Русе – Букурешт
18 септември: Букурешт – Брашов – Сибиу – Орадеа – Арад
19 септември: Арад – Локашаза – Будимпешта – Кошице – Музина – Варшава
20 септември: Варшава – Гдањск
21 септември: Гдањск – Варшава – Бјалисток
22 септември: Бјалисток – Тракиски – Каунас – Краков
23 септември: Краков – Острава – Бжецлав – Грац – Марибор – jубjана
24 септември: Љубjана – Целље – Марибор – Грац – Брецлав – Брно
25 септември: Брно – Прага
26 септември: Прага – Домашлице – Минхен
27 септември: Минхен – Улм – Штутгарт – Берн
28 септември: Берн – Базел – Франкфурт
29 септември: Франкфурт – Берлин
30 септември: Берлин – Копенхаген
1 октомври: Копенхаген – Малме – Лунд – Стокхолм
2 октомври: Стокхолм – Хамбург
3 октомври: Хамбург – Бад Бентхајм – Амстердам
4 октомври: Амстердам – Ротердам – Рузендал – Антверпен – Брисел
5 октомври: Брисел – Бетембург
6 октомври: Батембург – Стразбур и
7 октомври: Стразбур – Париз.
Возниот ред за посебен воз на балтички ЦЕЕ со ширина од 1520мм е:
21 септември: Талин – Тарту – Валка – Рига – Вилнус
22 септември: Вилнус – Каунас.
Извор: www.railjournal.com