ПРВAТА БАРЖА НА ВОДОРОД ПОДГОТВЕНА ЗА СВОЕТО ДЕБИ ВО ПАРИЗ

Првиот товарен брод на водороден погон во светот, дел од иновативниот проект „Флашис“ во Европа, ќе започне со комерцијална работа по реката Сена во 2021 година во Париз.

Станува збор за пловен објект што ќе биде во сопственост на француската бродска компанија задолжена за внатрешен сообраќај, Компањ Флувијал де Транспорт (ЦФТ), подружница на групацијата Согестран. Компанијата во моментов развива нов проект за урбана дистрибуција на транспортни бродови во областа на Париз.

Побарувачката за одржливи технологии во внатрешниот воден транспорт е во пораст. Како дел од големиот европски проект, ние сме среќни што сме на пат да ги намалиме емисиите на гас во транспортот и да имаме можност да ги демонстрираме супериорните карактеристики на водородните горивни ќелии во водниот транспортот“, вели Метје Блан, директор на CFT.

Целта, како што е наведено, е таквите бродови да дадат значителен придонес во намалувањето на емисиите на гасови од баржите и подобрувањето на квалитетот на воздухот во сите густо населени области.

Заедно, ЕУ и бродската индустрија сметаат дека водородот е клучен фактор во напорите за ублажување на климатските промени.

Во 2018 година, проектот доби 5 милиони евра за финансирање од програмата за истражување и иновации на ЕУ Хоризонт 2020, во рамките на заедничката компанија за горивни ќелии и водород (FCH JU), со употреба на два брода на водороден погон во Франција и Норвешка. Првичниот план на проектот беше да се користи само за потисниците на водород во областа Лион, но бидејќи се појави поширок потенцијал, било одлучено да биде товарен брод за употреба на внатрешните речни водни патишта.

Новата баржа ќе пренесува стока на палети и во контејнери на реката Сена.

Промената на фокусот се заснова на искуството на групата Согестран стекнато во Белгија, каде што Blue Line Logistics (друга подружница на групата Согестран) управува со три товарни брода кои пловат под проект името „Зулу“. Еден брод „Зулу“ исто така беше пуштен во употреба во Париз, а дополнителни два брода „Зулу“ во моментот се во фаза на изградба за истиот пазар.

Извор: https: flagships.eu

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *