ПОСЛЕ БРЕГЗИТ:ДОДАДЕНИ СЕ ПОВЕЌЕ ФЕРИБРОДСКИ ЛИНИИ ПОМЕЃУ ИРСКА И ФРАНЦИЈА

Зголемената побарувачка за директни траекти меѓу Ирска и Франција не покажува знаци на забавување. За време на викендот беа објавени дополнителни две возења, додека од пристаништето Рослар велат дека товарниот превоз на нивните линии во ЕУ е за 500% зголемен во споредба со минатата година.

Во саботата, Британи Ферис соопшти дека ќе ја започне својата услуга Шербур-Рослар 2 месеци порано од првично планираното. Истиот ден, „Стена лајн“ откри дека траектот „Стена Естрид“ ќе биде преместен од релацијата Холихед – Даблин за време на викендите за да се зголеми фрекфенцијата на новата услуга Даблин – Шербур.

Кристоф Матје, извршен директор на Бретани Ферис, изјави дека тие го избрале неговиот брод „Кап Финистер“ за услугата Рослар-Шербур поради неговата брзина:

Кап Финистер е нашиот најбрз Ro-Ro брод и е најдоброто решение овој нов бај-пас на Брегзит, вршејќи дополнителна пловидба секоја недела поврзувајќи ги Франција и Ирска.

Во меѓувреме, Пол Грант, директор за трговија на Стена Лајн за Ирското Море, за RTE News во саботата изјави дека товарниот превоз помеѓу Ирска и Велика Британија е намален за 60% во првите две недели од 2021 година. Грант исто така потврди дека протоците во и од неговите пристаништа се нарушени од почетокот на годината.

Само оваа недела, она што го гледаме е дека товарниот превоз сè уште се намалува во Даблин и влегува во Рослар. Но, гледаме дека на некои превозници полесно им е да дојдат преку северот. Постојат јасни разлики во однос на процесите, гледаме како некои од нашите текови се нарушени, и знам дека од перспектива на транспортот, превозниците само сакаат што е можно поефикасно да го извршат превозот.

Иако товарниот сообраќај меѓу Ирска и Велика Британија е забележително намален, спротивното се случува меѓу Ирска и ЕУ.

Глен Кар, генерален директор во пристаништето Рослар, изјави дека Рослар забележал „невидена побарувачка“ од почетокот на годината.

Кар ги даде коментарите во интервју објавено во петокот од Би Би Си, во кое откри дека обемот на товар на пристаништето е зголемен за 500% кон/од европските пристаништа во споредба со 2020 година. Кар исто така истакна дека бројот на пловидби меѓу Рослар и француските пристаништа се зголемил од три на петнаесет за само осумнаесет месеци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *