БРЕГЗИТ ПРОБЛЕМИ:ПРЕВОЗНИЦИТЕ КОИ НАПЛАЌАЛЕ 1,50 € ЗА КИЛОМЕТАР СЕГА САКААТ 10 €
Ричард Бурнет, извршен директор на Здружението за патен превоз во Велика Британија, изјави за Телеграф дека превозниците ги зголемија стапките за товарен превоз меѓу ЕУ и Велика Британија за скоро 700% предизвикно од процедурални нарушувања и потешкотии во пронаоѓањето на товар за назад.
Вчера, управниот директор на фирмата за транспорт Алкалин Велика Британија, исто така, изјави дека европските превозници одбиваат понуди кои се двојно повисоки од нормалната стапка. Според Бурнет, станува јасно дека превозниците бараат многу повеќе од ова зголемување на стандардната цена.
Извршниот директор на здружението во петокот за Телеграф изјави дека нарушувањето и документацијата, како и тешкотијата за товарање во поврат, придонесуваат за драматично зголемување на цената. Се вели дека превозниците кои наплаќале 1,50 € за километар сега сакаат 10 €.
„Превозниците ги зголемуваат своите цени за превоз во Велика Британија поради страв од нарушувања во превозот, новите процедури со документите и недостаток на сигурност дека можат да добијат товари во повраток за целосниот превоз идење-враќање да го направат да биде исплатлив.“
Барнет исто така изјави за Телеграф дека други здруженија за патен товарен превоз од Европа, вклучително и од Полска и Романија, го известиле здружението дека не прифаќаат товари од и за Велика Британија. Причината за ова е недостаток на разбирање за аранжманите и царинските документи што се потребни во моментов.
Коментирајќи за тоа како фирмите од Велика Британија исто така се борат со новата бирократија, Бурнет изјави „Ако британските компании не можат да ја решат документацијата, каква надеж имаат странските фирми?“
„…трговците во нивните земји не ја снабдуваат со производи Велика Британија бидејќи не можат да разберат што, каде или како да ги организираат извозните или увозните документи. Ако британските компании не можат да ја решат документацијата документацијата, каква надеж имаат странските фирми?“