ФРАНЦУСКИОТ БРЗ ВОЗ ТЖВ ПРЕМЕСТУВА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД 19 ВО ПОМАЛЦЕ ПОГОДЕНИТЕ ПОДРАЧЈА
Националниот железнички оператор адаптира еден од брзите TGV возови за да префрли 20 пациенти со Ковид 19 од Стразбур во помирните болници во долината Лоара.
Како и целиот свет, така и Франција прејде во фаза на изолација со цел да го сопре ширењето на новиот коронавирус. Граѓаните се дома, авионите паркирани по аеродромите, возилата во гаражите.
Националната железница го има сведено на минимум сообраќајот, но во четврток утрото на релација од Стразбур до до Анжер, во долината Лоара сообраќаше брзиот ТЖВ воз. Меѓутоа манифестот со патници беше малце невообичаен, наместо повеќе од 500 патници кои обично го пополнуваат овој воз, се превезуваа 20 пациенти заразени со Ковид 19.
TGV medicisée
Целта на „TGV medicisée“ е да се тргне притисокот врз болниците во францускиот регион Гранд Ест, долж германската и белгиската граница, каде што се потврдени скоро 6.000 случаи на Ковид 19. Според националната здравствена агенција, само областа на Париз, со околу 7.600 случаи, има повеќе од овој дел на Франција. Со помалку од 400 случаи, регионот Лоара има медицински капацитет да прими повеќе пациенти. На национално ниво, во четвртокот, Франција пријавила 25.223 случаи и 1,331 смртна случаи од Ковид 19. Додека вирусот се движи низ земјата и светот како бран, француските власти се надеваат дека ќе ги зголемат своите медицински ресурси со пренесување на пациенти од тешко погодените области до полесните. „Идејата е да ги пополнуваме тие празнини“, изјави Раководителот на мисијата, Лионел Ламхаут, пред вклучениот медицински персонал во транспортот на болните во видеото објавено од Ле Мејн Либре.
Овие први 20 пациенти, кои се во стабилна состојба, беа транспортирани со вагони кои се адаптирани во возила за интезивна нега со помош на опремата и вработените од железницата и француската Брза помош – ЕМТ. ЕМТ во одделите за багаж има наредено боци со кислород, а носилата се поставени над потпирниот дел од седиштата, обезбедувајќи ги со портокалови жици што се водени околу потпирачите за рака и седиштата. Амбулантни возила со пациентите од локалните болници се довезувани на самиот перон и одма се внесувани во возот. Во секој вагон се сместувани четири пациенти и шест медицински работници.
Возовите добро функционираат како подвижни болници, изјави Ламахут. Тие се попространи од амбулантните возила и хеликоптери и можат непречено да забрзуваат и забавуваат, нечуствувајќи ги потресите. Благодарение на квалитетните пруги, се овозможува на брзина на возот од 200 км/ч и повеќе, медицинскиот персонал може да ги извршува истите задачи како во соодветна болница, изјави Шефот на САМУ, Франсоа Браун за ТВ каналот Франција 2.
Со возот управуваше железнички персонал кој доброволно се јавил за мисијата, при што возот не сообраќал со неговата максимална брзина, односно за неполни 5 часа поминал 800 километри до Анжер.
Возовите се користат за транспорт на повредените и болните уште од 1850-та година, обично за војниците во воено време. Но, француската служба ЕМТ се подготви за цивилна употреба во вонредни настани.
Минатиот мај, ЕМТ имаше вежба претворајќи патнички воз во подвижно одделение на брза помош. Екипите ги евакуираа „жртвите“ од лажен терористички напад, изјави во тоа време шефот на Париз САМУ Пјер Карли. „Но, истата вежба важи за еколошка катастрофа или жртви на епидемија“.
Под услов дека оваа прва мисија помина без поголеми проблеми, француските власти очекуваат да го повторат подвигот — и оваа пракса да ја направат посовршена.