ПРИСТАНИШТЕТО ТРСТ – ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР НА ЈАДРАНСКОТО МОРЕ

Пристаништето во Трст минатата година ја прослави својата 300-годишнина. Ова пристаниште на Јадранското море е од големо значење за Централна Европа, не само во однос на нејзината историја, тоа е особено важно во однос на транспортот до Далечниот исток.

Ова слободно пристаниште е основано од императорот Карл VI во 1719 година, кога Трст ја заменила Венеција во водечката улога во трговијата со Блискиот исток и се развило во најголемиот трговски центар на Јадранското Море. Денес пристаништето во Трст е едно од најголемите италијански пристаништа и, поради неговата локација, е едно од најважните за економиите на континентална Европа.

Логистички центар, кој се карактеризира со заштита на животната средина

Трст е главен центар за интерконтинентална, поморски транспорт на долга далечина, како и дел од пристанишната мрежа на Средоземното Море. Бродовите од Трст пловат директно во Кина, Сингапур или Малезија со попатни застанувања на пристаништата во Албанија, Словенија, Хрватска, Грција, Турција или Египет.

Во моментов, пристаништето во Трст е поврзано со повеќе од 400 возови месечно со индустриските области во северо-источна Италија и Централна Европа. Годишно се транспортираат приближно 48 милиони тони стока, од кои околу 30 милиони тони се сурова нафта.

Останатиот обем на превоз се состои главно од стоки како што се јаглен, дрво, минерали и жито. Покрај тоа, пристаништето придонесува и за заштита на околината, бидејќи интермодалното поврзување помеѓу Трст и луксембуршкиот град Бетбург-Дуделанж е насочено кон транспорт на камионски полуприколки.

Овој транспорт на полуприколки со железница наместо по пат, создава годишна заштеда на околу 35.000 тони СО2.

Со продолжување на договорот за користење на пристаништето Трст до 2041 година, склучен со У.Н. Ро Ро, водечка турска компанија за РоРо транспорт, се оставри стабилна превозна понуда и соодветна алтернатива на турските извозници за производите од и кон Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *