КОРОНАВИРУСОТ ВО КИНА ВЛИЈАЕ НА ПОЧЕТНИТЕ И ЗАВРШНИТЕ ТРАНСПОРТНИ ОПЕРАЦИИ

Оваа слика ја добивме денес од нашите партнери во Кина. Илјадници празни камиони паркирани чекаат возачите да се вратат на работа.

Целиот ланец на снабдување меѓу Европа и Кина во моментов е нарушен поради појавата на коронавирусот.

Оваа недела брод што е во состојба да носи 23,000 TEU тргна од Кина кон Северна Европа со помалку од 2.000 TEU, така што трошоците на превозот се крајно зголемени за да го направат превозот профитабилен.

Бродските превозници едноставно не можат да продолжат со овој начин на работа, така што некои почнаа да ги закотвуваат своите најголеми бродови и да распоредуваат помали бродови на прекуокеанските релации со пониски оперативни трошоци или пак да ги редуцираат тргнувањата што веќе започнува да се одразува на редовната достава.

Железницата може да биде решението, но не и без локалните возачи на камиони во Кина. Почетните и завршните операции односно довозот и одвозот од терминалите не може да се реализира бидејќи на возачите не им е дозволено да се вратат на работа.

Камионите треба да се вратат на патиштата, затоа што нема железнички, морски или воздушен превоз без превоз во првата и последна милја. „Патните ограничувања за луѓето најверојатно ќе бидат најтешки. Луѓето кои ги посетија своите семејства во урбаните области може да имаат потешкотии да се вратат на работните места. Покрај тоа, здравјето игра важна улога во Кина, затоа можеме да очекуваме дека многу работници ќе бидат под притисок да останат дома сè додека ситуацијата не се подобри “, објаснува Марко Рајхел од „Crane Worldwide Logistics“.

Информациите се менуваат од ден на ден, исто како и распоредот на возовите кој сега е објавен за месец февруари. Според последниот распоред, првиот воз што замина е на 12 февруари, од Хефеи до Хамбург и Неус во Германија, а наредниот ќе биде утре, на 19 февруари.

Тие се и официјално првите возови кои се тргнати на пат за Европа само една недела откако дел од работниците официјално се вратија на работа, но сепак поголем дел од возовите се откажани до крајот на февруари.

Ефектите на коронавирусот се разурнувачки и далекусежни како за човечките животи така и за глобалната трговија која бележи неделни загуби во износ од 26 милијарди американски долари.

Повеќето познавачи на проблемот се сложуваат дека ова е само почетокот на кризата!

Влијанието врз трговијата и економиите ќе биде поразителен. Во наредните недели ќе се забележи недостигот од ненавремена достава на „полиците“ низ целиот свет, а трговците се обидуваат итно да најдат алтернатива за традиционалните кинески пазари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *