ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА МНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА БИДЕЈЌИ БАРСЕЛОНА ЧЕКА ДА JA ОТКРИЕTE!
Антонио Гауди, Каталонија, кастањети. Звучи познато? Но, дали знаевте дека истиот Гауди беше доста непопуларен во животот и дека Каталонија беше царство кое се протегало сè до Малта и Сицилија?
Ретки се градови на кои некој има извршено толку големо влијание, како што Антони Гауди има влијаено во обликувањето на Барселона. Денес, може да се каже, дека тој беше погрешно разбран генијалец.
Неговите дела честопати биле сериозно критикувани, при што и еден Џорџ Орвел, кој живеел во Барселона за време на граѓанската војна во Шпанија, ја нарекол Саграда Фамилија една од најодвратните градби во светот!
Денес, многумина ја сметаат за една од најубавите цркви во светот, а целиот опус на Гауди и понатаму предизвикува контроверзии, восхит и чудење. Но, не може да се порекне уникатноста на изразувањето и бајковитоста на неговите дела, кои сè уште се чувствуваат на секој чекор.
Овој одличен архитект имал многу среќа зад него да стои богат индустријалец, подоцна пријател, Еузебио Гвељ, кој ги финансирал неговите проекти.
Еден таков проект е Паркот Гвељ, веројатно најнеобичниот парк што ќе го видите. На тоа место, двајцата сакале да изградат елитна населба со вили опкружени со зеленило. Но, од 60-те планирани куќи, само две се завршени.
Проектот доживеал целосен комерцијален неуспех, но поради тоа Барселона доби едно уникатно место за одмор. Паркот е исто така познат по својата змијолика и една од најдолгите клупи на светот чија посета во последните неколку години се наплатува и чини 7 €. Влезницата може да ја набавите онлајн на www.parkguelltickets.org.
Најголемото дело на Гауди, на кое тој ги посветил своите последни 15 години од животот е Саграда Фамилија. Работата на оваа прекрасна катедрала започна во 1882 година, но сè уште не е завршена. Од 18-те планирани кули – 12 се за апостолите, 4 за евангелистите и по една за Исус и Богородица. Од кулите, само една ја завршил, кога сообраќајна несреќа му го одзема животот на овој голем човек. Тој бил погребан во Саграда Фамилија, каде го „оставил“ најголемиот дел од животот. Влезница за катедралата може да набавите онлајн за 17 € на сајтот sagradafamilia.org.
Но, Барселона има многу што да понуди и ако не сте љубител на Гауди. Бидете сигурни да ја посетите Лас Рамблас, еден километарски спој на неколку улици што го поврзуваат плоштадот Плаза де Каталуња и споменикот висок 60 метри на Кристофер Колумбо. Ова е улица каде можете да го почувствувате целиот шарм на Барселона. Таа е полна со разни забавувачи, полна со бои и живост! Исто така тука можете да се упатите и на шопинг, бидејќи на Ла Рамбла започнува шопинг зоната долга 5 км!
Барселона е исто така вистинска спортска метропола. Особено голем публицитет стекна со организирање на Олимписките игри во 1992 година, кога беше изградена одлична спортска инфраструктура.
Овде се одржуваат и трката во Формула 1 и големиот тениски турнир, но Барселона е најпозната по спортскиот колектив со исто име, еден од најголемите во Европа, што опфаќа фудбал, кошарка, ракомет, ватерполо и многу други спортови. Најпознат клуб, секако, е фудбалскиот. „Mes que un club“, или преведен „Повеќе од еден клуб“ што стои на трибините на најголемиот стадион во Европа, „Камп Ноу“. Не заборавајте да го посетите музејот на стадионот, најпосетуваниот музеј во цела Каталонија, кој исто така се смета за најдобар фудбалски музеј во светот! Цената на билетот изнесува 25€.
Градот е познат по долгите песочни плажи. Во внатрешниот дел на градот има околу 5 километри добро уредени плажи, а градската власт се обидува да обезбеди нови плажи. Слично како Мадрид, Барселона го носи градскиот углед за одличен ноќен живот. Неколку населби се познати како места каде се излегува, од кои би издвоиле Рамбла, каде има многу туристи и треба да се внимава на вообичаените кафулиња наменети за туристи и „правење“ пари од нив, Маремагнум, трговски центар кој се претвора во живо место полно со клубови и барови ноќе, Порт Олмпик, што е особено привлечно во текот на летото кога ќе можете да уживате во вашето време на тераса покрај море и секако-Готскиот кварт преполн со разни активности по тесните улички.
Пред да ја напуштите Барселона, не заборавајте да ја посетите „Магичната фонтана“ (Font Magica), навистина прекрасна игра на светлина, музика и вода, чија „игра“ се одвива навечер и трае околу петнаесет минути. Сето тоа мноштво од бои е како огномет, кој ве поздравува на заминување и ве повикува да се вратите во овој уникатен град барем уште еднаш!
Превоз до Барселона
Најлесен начин да стигнете до Барселона е со авион. Од Скопје за Барселона Виз Ер лета два пати неделно со возниот ред 2019/2020, во петок и понеделник. Покрај главниот аеродром Ел Прат, доколку летате преку Солун ќе го користите меѓународниот аеродром во Џирона каде што слетува Рајан Ер.
Јавен превоз во Барселона
Системот за јавен превоз во Барселона интегрира автобуски, трамвајски, воз и метро систем надополнет со жичарница. Сите овие начини на транспорт се интегрирани во единствена мрежа што работи добро на задоволство на корисниците.
Барселона има одличен метро систем кој ги опфаќа скоро сите области. Речиси сите станици се чисти, добро осветлени и лесно достапни. Сите станици се добро обележани.
Метро линии:
Постојат различни видови билети, вклучително и билети за повеќе патувања, кои можат да се купат преку автоматите долж целокупната метро и железничка мрежа или на благајните.
Најисплатливи билети се за интегриран превоз кои обезбедуваат повеќе патувања или неограничени опции за патување во текот на еден период на време користејќи различни видови превоз.
Од нив, бидејќи се повеќе видови на билети, најекономичен доаѓа билетот за 10 патувања ( Т-10) за прва зона во која влегуваат и околните места на Барселона како Бадалона од едната страна и Кастелдефелс од другата страна. Може да го користат повеќе лица за истото патување и може да трае 75 минути од првата до последната валидација. Валидациите може да ги пратите на позадината на билетот, се до појавување на ТИТОЛ што значи дека билетот е целосно искористен. Овој билет не важи за возења до и од аеродромот Ел Прат.
Од и до аеродром може да користите шатл бус кој застанува на Плаза Каталуња ( почетна и крајна станица), Плаза Универзитат и Плаза Еспања и цената од правец изнесува 5.90 € во еден праваец, а 10.20 € повратен билет. Билетите може да се набават онлајн на barcelonaguide.ticketbar.eu или во автобус кај шоферот.
Покрај автобусот, до и од аеродромот вози воз и метро при што цената на билетот изнесува околу 4.30 € во еден правец. Од аеродромот до Плаза Еспања може да користите и редовна автобуска линија број 46 каде ви важат билетите за интегриран транспорт.
Плажи во Барселона
Барселона е интересна на многумина заради можноста за бањање на тамошните плажи. Најголемиот каталонски град им нуди на посетителите неколку километри добро уредени песочни плажи.
Најпознатата плажа е Барселонета, исто така една од најблиските до центарот на градот. Оддалечена е на 2 километра од Ла Рамбла, па така до неа од центарот можете да стигнете пеш за околу 20 минути. Ако одлучите да земете јавен превоз, во близина има метро станица на линијата (жолта) L4. Постојат бројни автобуски линии во близина, како и трамвај број 4.
Таа е најпопуларната плажа во градот, особено кај младите. Една од причините за ова е секако широкиот спектар на активности, но и многуте угостителски објекти на и околу плажата.
Веднаш до Барселона, се наоѓа Сант Себастија, плажа најблизу до центарот на градот. Сант Себастија е многу популарна и кај локалното население. Оваа плажа одамна е отворена за нудисти, но од 2011 година, ова веќе не е случај.
Двете претходно споменати плажи се наоѓаат западно од Олимпиското пристаниште (Port Olympica), додека плажата Икарија се наоѓа источно од пристаништето. Оваа плажа е малку подалеку од центарот на градот. Сместено е на линијата за метро L4 (станица Цитадела / Вила Олимпика) и може да се стигне по бројни автобуски линии.
Икарија е потивка плажа и почесто ја посетуваат семејни луѓе. Различни спортски активности се достапни за посетителите, како што се одбојка на плажа или пинг-понг.
Покрај укинувањето на практиката на нудистичко капење на плажа Сант Себастија во 2011 година, воведени се и казни за „полуголи“ пешаци. Значи, голи над половина, можете да бидете само на плажа, а кога се упатувате кон градот, облечете маица, инаку би можеле да бидете казнети со неколку стотици евра. Во согласност со оваа одредба, облеката за пливање е дозволена само на и во близина на плажите и базените.
На крај, што да кажам повеќе за Барселона, и покрај големиот број туристи, на секој чекор чувствувате дека сте добродојдени во овој град.