ПРЕВОЗ НА ЦЕВКИ ОД ГРЦИЈА ДО ЧЕШКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКИТЕ ПРУГИ
На барање на водечкиот давател на логистика на бугарскиот пазар Шенкер CO & AG, на 28-ми јули во Бозуриште, недалеку од Софија, се одржа средба со регионалните железнички оператори МЖ Транспорт, Србија Карго, ЖССК, РЦХ, како и производителот на цевки со цел усогласување на техничките, сообраќајните и финансиските аспекти на транспортот на цевките од Грција до Чешка.
Транспортот преку македонските пруги треба да започне на 26 август. За оваа работа, предвидени се 32 композиции, со по 19 вагони во својот состав со кои ќе треба да се превезат 1.830 парчиња цевка, секоја со тежина од 11 тони. Два до три возa неделно треба да транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, од Гевгелија до Табановци, сè до последната недела од октомври, кога е предвидено да заврши транспортот.