ФАКТИ И БРОЈКИ ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ОВОГОДИШЕН МЕЃУНАРОДЕН НАСТАН ВО СЕКТОРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА – САЕМОТ ВО МИНХЕН КОЈ ЗАВРШУВА УТРЕ
Во Минхен од 1978 година се одржува водечкиот светски саем за логистика, мобилност, ИТ и управување со дистрибутивниот ланец. Исто така, дел од организацијата на саемската манифестација „Транспорт Логистика“ е Ер Карго Јуроп.
Седиштето на организаторот е Саемот во Минхен (Messe München), а саемското излагање собира повеќе од 60.000 учесници од вкупно 110 земји.
Совршена логистика: сите клучни играчи и иновации на едно место
Минхенскиот саем за транспорт и логистика овие денови е центар на глобалната логистичка индустрија. Саемот е придружуван со конференциска програма и ги претставува оптималните решенија за денешната транспортна и логистичка динамика. На саемот можете да ги сретнете иновативните производи, технологии и системи со здружена експертиза и да го забележите силниот фокус на продажбата.
Броеви од одржаниот саем за транспорт и логистика во 2017 година
2.162 изложувачи од 62 земји и региони
60.726 посетители од 123 земји и региони
Повеќе од 115.000 м2 изложбен простор низ девет хали и отворени изложбени простори
Високо-квалитетна конференциска програма со околу 200 експерти
Мрежата на саемскиот организатор „Транспорт Логистика“ покрај минхенскиот кој се одржува на две години, ја претставуваат и следните саемски манифестации:
„Транспорт Логистика Кина“ во Шангај од 16-18.06.2020 година
„Транспорт Логистика Турција“ во Истанбул од 13-15.11.2019 година
„Транспорт Логистика Индија“ во Мумбаи од 27-28.02.2020 година