Маркетинг

Он лајн магазинот Еуромобилност е наменет за зголемување на јавното мислење и информирање за настани поврзани со транспортот и логистиката. Клучните прашања кои се опфатени со порталот се поврзани со развојот на транспортниот бизнис, новите транспортни технологии, мобилноста, заштитата на животната средина, новитетите во законодавствата, како и напредокот на безбедноста. На нашите партнери им овозможуваме преку нашиот медиум и страните на социјалните мрежи да допрат до своите клиенти и соработници.

Нудиме рекламни решенија кои нема да го оптеретат вашиот буџет, а воедно ќе бидат искористени за работа на не-профитното здружение на граѓани „Еуромобилност“, оснивач и сопственик на веб порталот www.euromobilnost.com

Нашиот фокус е на native огласување, а тоа е да ги направиме објавените содржини помалку наметливи, а што е можно повеќе порелевантни за корисникот, со што се зголемува веројатноста корисникот да оствари интеракција со објавениот текст или да кликне на банер.

Што можете да очекувате?

Објавување на ПР текст и банери на порталот, на кој секојдневно се ажурираат вестите, текстовите и информациите за компаниите и нивните производи и услуги;

Објавување на ПР текст и транспарент во електронскиот билтен во кој има илјадници адреси еднаш неделно;

Јасно дефинирана целна група ( сите видови транспорт, логистика, урбан превоз, патувања и шпедиција);

Голема видливост преку други канали (социјални мрежи, други страници во РС Македонија и регионот кои ја преземаат нашата содржина);

Погледнете ја содржината оптимизирана за таблети и паметни телефони;

Активно присуство на социјалните мрежи со голем број на следбеници;

Поддршка од редакцијата на порталот при изборот, обработката и поставувањето на промотивниот материјал.