Порталот „Еуро Мобилност“ е првиот магазин кој ќе ве внесе и навремено информира со случувањата во најдинамичната индустрија-транспортот.
„Еуро Мобилност“ е прва публикација во земјата и регионот преку која ќе се запознаете со вестите и занимливостите од областа на патничкиот и товарниот превоз со авио, железнички, поморски и патен сообраќај, како и за новитетите во логистиката и шпедитерското работење.
Се грижиме секој ден да Ви ги донесеме најновите вести од регионот и Европа поврзани со транспортот и логистиката, како и секојдневните патувања.
Клучните прашања кои се опфатени со порталот се поврзани со развојот на транспортниот бизнис, новата технологија, мобилноста, заштитата на животната средина, новитетите во законодавствата, како и напредокот на безбедноста.